Градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски за Иницијативата на ЦИВИЛ „Направи разлика, почитувај ги различностите“ во видео изјава говори за аспектите на мултиетничноста и европските вредности во Куманово.
„Под европски вредности подразбираме заедништво, заемно почитување,, права на малцинствата и секако човековите права и слободи. Општина Куманово е мултиетничка општина и ја претставува Македонија во мало. Живеат различни етнички заедници и сите имаат еднакви права и можности. Должни се да ги почитуваат законите на државата и да се водат по нив. Општината се обидува да изгради поголеми капацитети за да ги следи тековните трендови во делот на она што значи европски вредности, но и европски интегративен процес, бидејќи Македонија физички припаѓа на Европа и местото ни е таму во ЕУ. По дифолт се налага да се залагаме за едни вакви вредности каде што сите ќе имаат еднаква можност.“, вели Димитриевски.
„Во рамките на Општината постои сектор за евроинтеграции и локален економски развој и ние тие тимови и капацитети секојдневно ги надополнуваме со квалитетни кадри за да можеме да ги следиме тие трендови и да се подготвуваме за предизвиците што престојат, особено во делот на имплементацијата на договорот што треба да следи со ЕУ“.
Монтажа: Ариан Мехмети
Фотографија: Биљана Јордановска