• Latest

Димитров: Името не е единствениот проблем со Грција

April 18, 2018

Одма боље видиш

May 31, 2026

Правдата и правосудството меѓу чеканот и наковалната

May 30, 2026
Фото: Zakie Andiko Ramadhani / vecteezy.com

Математиката не лаже, политиката притиска: Случајот „Мазут“ се распаѓа пред фактите

May 30, 2026

Путин сакаше ослабено НАТО, но може да добие многу поопасна и понепредвидлива Алијанса

May 30, 2026

Новиот Европски граѓански форум отвора ново поглавје во Берлин

May 29, 2026

„Неспортско однесување“ или „нормализација“ на руската агресија

May 29, 2026

Руско беспилотно летало експлодираше во зграда во Романија; Букурешт го протера рускиот конзул и ја затвора мисијата

May 29, 2026
Полскиот претседател Анджеј Дуда му го врачува Орденот на Белиот Орел на украинскиот претседател Володимир Зеленски во Варшава, април 2023 година (фото: Кабинет на Претседателот на Украина)

Дипломатски земјотрес меѓу Варшава и Кијив: Полското државно водство остро реагира на именувањето на воена единица по „Украинската востаничка армија“

May 29, 2026
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Партизација, корупција и сиромаштија – Граѓаните револтирани по пораката дека реформите се завршени

May 28, 2026

Школската година завршува, а децата што научија?

May 28, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Димитров: Името не е единствениот проблем со Грција

April 18, 2018 10:07
in ВЕСТИ, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

„Ако беше само името, проблемот со Грција ќе беше решен“, е еден од насловите во онлајн изданијата на грчките медиуми на текстот за интервјуто на шефот на македонската дипломатија за регионалната телевизија „Н1“.

Медиумите во Грција го пренесуваат текстот објавен од грчката новинска агенција АНА-МПА, во кој акцентот е ставен на ставовите на Никола Димитров околу разговорите за името.

-Името е само еден аспект во спорот со Грција. Да беше само одредницата во името, лесно ќе го решевме проблемот, вели министерот за надворешни работи Никола Димитров во интервјуто за балканската телевизиска мрежа „Н1“, пишува грчката новинска агенција на почетокот од текстот.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, медиумите во Грција го пренесуваат ставот на Димитров дека се водат тешки преговори за решавање на спорот и да се исправат грешките од минатото.

– Одлучен да го реши проблемот со името со ПЈРМ во текот на годината и отворен за компромис во однос на следните чекори во преговорите настапи министерот за надворешни работи на соседната земја, Никола Димитров, кој испрати и конкретна порака како до внатрешноста на земјата, така и до Атина, пишува електронското издание на весникот „Ефимерида тон сидактон“ и ја цитира изјавата на Димитров дека преговорите се во деликатна фаза и„ колку сме експлицитни во јавноста, толку се отежнува целиот процес“.

Грчките медиуми, во текстовите објавени на електронските изданија, го пренесуваат и ставот на шефот на македонската дипломатија и во однос на тоа дека нема талент за музика за да го следи примерот на неговиот српски колега.

-На барање на новинарката од „Н1“, во разговорите со господинот Коѕијас да ја следи специјалната дипломатија на Ивица Дачиќ кој му пееше на грчкиот министер, господинот Димитров одговори дека неговите уметнички грижи се распаднаа уште кога бил мал, кога открил дека нема талент, коментира грчката државна телевизија ЕРТ, и ја пренесува изјавата на Димитров дека ако го користи методот на пеење во дипломатијата, може само да има спротивен ефект.


Извор: МИА

Tags: грчки медиумиНикола Димитров
Share7TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ