• Latest

Димитров: Секогаш сме знаеле за крупни одлуки да бидеме мудри

September 5, 2018
Фото: frontline.mk

Мицкоски жали што Арсовска добивалa закани по живот, Данела му возврати: Лав? Маче, не смееш да писнеш против Ганиу и Меџити

June 1, 2025
Фото: Твитер

Со протести во 30 градови во Србија се бараат избори

June 1, 2025
Фото: Скриншот од видео од наводниот напад објавено од SBU  (Украинска безбедносна служба) на 1 јуни 2025 година

Украинските дронови погодија над 40 руски стратешки бомбардери во шокантен напад далеку зад линиите на фронтот

June 1, 2025
Фото: Скриншот од видео на FAZ

Тројца пациенти починале во пожар што избувнал во болница во Хамбург

June 1, 2025
фото: Скриншотод видео на 
Sky Sports News

Две лица загинаа, стотици уапсени во судирите во Париз по победата на ПСЖ во Лигата на шампионите

June 1, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Се чини дека Трамп не е толку моќен колку што мисли дека е

June 1, 2025
Фото: Игор Додик/Х

Синот на Додик на самит со неонацисти во Будимпешта

June 1, 2025
Фото: Скриншот СР24

Маск го негира извештајот на „Њујорк Тајмс“дека користи дроги

June 1, 2025
Наводна слика од излетување на воз од шините во руската област Брјанск во текот на ноќта на 31 мај 2025 година по уривањето на мост. Најмалку седум лица загинаа, а уште 69 се повредени во инцидентот, тврдат руските власти. Фото: ASTRA/Telegram

Најмалку седум загинати, 69 повредени во излетувањето на воз од шините при уривањето на мост во Брјанската област во Русија 

June 1, 2025
Фото: Скриншот од видео на ABC News (Australia)

Најмалку 26 Палестинци убиени откако израелски тенкови отворија оган во близина на центарот за помош во Газа

June 1, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Димитров: Секогаш сме знаеле за крупни одлуки да бидеме мудри

September 5, 2018 16:04
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Ова е трет град што го посетувам, по Тетово и Куманово, и од она што го гледам мислам дека работите одат во добар правец, бидејќи секогаш сме знаеле за крупни одлуки да бидеме мудри. Изборот е голем, историската крстосница е огромна, но нема врска со тоа дали го цениме градоначалникот или Владата, нема врска со една или друга партија и ќе биде многу неодговорно ако не се издигнеме над сето ова, пред се тие што се повикани да имаат одговорност за општото. Ама граѓаните ќе одлучат, порача министерот за надворешни работи Никола Димитров при денешната посета на Крива Паланка.

Според него, граѓаните ќе донесат одлука ако мислат дека државата треба да оди напред со брзо НАТО членство и брз почеток на пристапните преговори со Европската унија.

Димитров во К.Паланка

– Главните маки  кои ги има градот по разговорот со градоначалникот можам да видам дека се инфраструктурата и повеќе работни места со пораздвижена економија, а тоа е тесно врзано со она дали Македонија ќе ја отвори вратата да оди напред или ќе се врати назад кон изолација. НАТО членството значи Македонија е тука за да остане во овие граници. Членството во НАТО двојно ги зголемува инвестициите, а најсвеж пример е Црна Гора, која по влезот во НАТО, минатиот јуни, лани имаше раст на инвестициите од 96 милиони евра до 215 милиони евра во првите шест месеци од  оваа година. Невработеноста практично постојано се намалува во период од пет до 10 години. Романија од 2007 година со 15 проценти невработеност денес има четири отсто невработеност. НАТО членството значи предвидливост, што инвеститорите можат да очекуваат во наредните пет до 10 години, а во однос на приближувањето кон ЕУ ќе се зголемат  парите што и се достапни на Македонија, а сега изнесуваат 90 милиони евра годишно. Бенефит ќе имаат и земјоделците чии приходи пред и по членството во ЕУ се зголемуваат за 70 отсто, рече Димитров.

Според него, поминаа 27 години и една цела генерација остана во заложништво, а младите за жал, како што рече, ја бараат европската иднина со туѓ пасош и одат надвор.

– Ако сме одговорни треба Македонија да ја направиме европска и да има работа и во нашите граници, во нашите градови и села. Тоа е изборот што треба да го направиме на 30 септември, да се издигнеме и да расправаме кој е поефикасен, почесен, кој има покреативни визии, она што навистина им треба на граѓаните. Да не расправаме за ова, бидејќи не знам кога и дали ќе има друг воз, а од сите нас зависи иднината на Македонија и иднината на нашите граѓани, додаде Димитров.

Тој посочи дека Крива Паланка е своевиден пионер во градење пријателства со соседите, бидејќи реализирала голем број европски проекти во рамки на прекуграничната соработка со Ќустендил, користејќи ги ЕУ фондовите, а подоцна, односно дури минатата година Република Македонија го склучи Договорот со Бугарија. (МИА)

Print Friendly, PDF & Email
Tags: ЕУКрива ПаланкаНАТОНикола Димитровпосета
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Путин и Си ја гледаа парадата по повод Денот на победата во Москва. Фото: Скриншот од видео на WSJ News

    Си Џинпинг: Русија е наш вазал отсега па натаму

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • (ВИДЕО) Експлозија во Ставропол го уби рускиот функционер кој ги предводеше нападите врз украинскиот Мариупол

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Брисел насетува оти Мицкоски е подготвен да го жртвува и Извештајот во ЕП

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Украинските дронови погодија над 40 руски стратешки бомбардери во шокантен напад далеку зад линиите на фронтот

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Илон Маск ја напушта Белата куќа

    88 shares
    Share 35 Tweet 22

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ