• Latest

Димитров: Спроведувањето на реформите е најконзистентната стратегија за зголемување на довербата кај граѓаните

July 22, 2021
Фото: Цветан Трипуновски/Фејсбук

Времено стопирана исплатата на средствата од ИПАРД програмата

November 10, 2025
Скриншот од видео на ВВС

ВВС во криза по откритието на Телеграф дека радиодифузерот ги заведувал гледачите при известувањата од САД и со „системската антиизраелска пристрасност“

November 10, 2025
Креирано со помош на ВИ

Вештачката интелигенција – новиот фронт на суперсилите во светската пропагандна војна

November 10, 2025

Градоначалникот на Гостивар смета дека назначувањето на „владин повереник“ е неуставно, ќе поднесе иницијатива до Уставен суд

November 10, 2025
Nicolas Sarkozy
Source> screenshot France 24

Поранешниот француски претседател Никола Саркози ќе биде ослободен од затвор

November 10, 2025

Шефот на СЗО апелира до Трамп: Повлекувањето на САД ќе има цена – човечки животи

November 10, 2025
Милорад Додик

Изборите во Република Српска – референдум за Додик

November 10, 2025
Скриншот од видео на 10 News

Американскиот сенат го надмина застојот во клучното гласање за прекин на затворањето на владата

November 10, 2025
фото: United Nations UN WATER

КОП30: Трамп повикан да ги вклучи САД во борбата против климатските промени

November 10, 2025
Фото: Скриншот од видео на European Commission/ Фејсбук

Трилионскиот буџет на Европска комисија под притисок – фон дер Лајен се брани од критиките

November 10, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИЗЈАВИ

Димитров: Спроведувањето на реформите е најконзистентната стратегија за зголемување на довербата кај граѓаните

July 22, 2021 15:30
in ИЗЈАВИ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

За намалувањето на поддршката на граѓаните за членство во ЕУ, а по повод неодамнешното  истражување на „Балкан барометар 2021“ на Регионалниот совет за соработка, кое детектира пад на поддршката за членство на Северна Македонија во ЕУ од 53 отсто, разговаравме со Секретаријатот за европски прашања, односно Кабинетот на вицепремиерот за европски прашања, Никола Димитров.

„Повторното одложување на почетокот на пристапните преговори што претставува неспроведување на одлуката донесена од Советот на ЕУ во март 2020 година, заедно со поставувањето услови кои не се на линија на европските вредности и критериумите за членство, имаат одраз врз поддршката на граѓаните за европската перспектива на земјата“, велат од кабинетот на вицепремиерот за европски прашања, Никола Димитров.

Според СЕП, пропуштените години значат и изгубени генерации во потрага по европскиот начин на живот, при што таквото искуство дава одредена доза на претпазливост при формулирање на надежите и оптимизмот. Сепак, треба да се има предвид дека овие ставови се променливи во зависност од околностите, па така според резултатите од истражувањето на „Брима Галуп“ кои беа соопштени вчера, големо мнозинство од македонските граѓани остануваат посветени на европската агенда.

„Така, 76,3% од испитаниците одговориле дека е подобро да станеме членка на ЕУ, додека само 19,8% одговориле дека е подобро да не станеме членка на ЕУ. Овие резултати покажуваат дека македонското општество е политички зрело и свесно за влогот што со себе го носи европската перспектива како единствена одржлива идеја за иднината на овој регион.“, велат од Кабинетот.

На прашањето што може да се направи  во насока на подобрување и зголемување на довербата на граѓаните во ЕУ, од кабинетот посочуваат дека спроведувањето на реформите е најконзистентната стратегија за зголемување на довербата кај граѓаните.

„Подобрувањето на стратешката комуникација на ЕУ со регионот е една од актуелните теми за приоритетите на Унијата во следниот период. Од македонска страна, одлучното спроведување на реформи кои значат приближување кон европските стандарди и вредности и европскиот начин на живот, пред сѐ заради самите граѓани, е најконзистентната стратегија за зголемување на довербата.“, порачуваат од СЕП.

Д.Т. 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    191 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ