„За првпат Инклузива е акредитирана со 40 набљудувачи распоредени во 18 града низ Македонија. Внимаваме да е подеднакво распоредени во рурални и во урбани средини и да бидат опфатени сите региони. Лица со попреченост се околу 82% од вкупниот број на наши набљудувачи, а останатите се нивните блиски“, изјави Благица Димитровска, претседателка на здружението, на заедничката прес конференција со ЦИВИЛ.
Таа истакна дека и за референдумот има проблеми со остварувањето на правото на глас на лицата со попреченост затоа што гласачките места не се пристапни.
„За прв пат по наша препорака ДИК подготви граничник за потпишување на сите граѓани со посебен фокус на лица со попреченост. Во 60 гласачки места граничникот не се користи… Изутринава еден наш набљудувач е спречен од МВР да влезе во избирачкото место и дури по 15 минути е пуштен…“, изјави Димитровска.
Според информациите со кои Инклузива располага, дел од гласачите ги нема во Избирачкиот список, со претпоставката дека во меѓувреме им е одземена деловната способност, што е невиден дискриминација од државата. Самото здружение упорно апелира тие да се вратат на Избирачкиот список, но безуспешно.