• Latest

Димитровска сè уште е шефица на Антикорупциска, иако има две обвиненија – едното за оддавање службени тајни, другото за фалсификување на испитот за добивање безбедносен сертификат, Собранието чека правосилна пресуда за да ја разреши

July 21, 2025
Скриншот од видео на ВВС

Нова политичка реалност во САД: изборите во Њујорк покажуваат инклузивност и промена во политичката култура

November 5, 2025

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (1): Виц што не е виц – дедо и внук во спротивни „изборни“ улоги

November 5, 2025
Скриншот од видео на Х

Хоџиќ: Мамдани победи во битката за Њујорк, но му даде надеж на светот!

November 5, 2025

Шефот на ОН предупредува дека силите за стабилизација во Газа мора да имаат меѓународен легитимитет

November 5, 2025
Скриншот од видео на
Baku TV | RU

Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

November 5, 2025

Ројтерс: Кина забранува странски чипови за вештачка интелигенција во центри за податоци финансирани од државата

November 5, 2025

До ДИК се поднесени 16 приговори за гласањето во вториот круг од локалните избори, рокот завршува во 16 и 30 часот

November 5, 2025

Координативното тело на Кодексот за однесува во онлајн просторот: 8 преставки за прекршувања на новинарски и политички етички стандарди во изборниот процес

November 5, 2025

Македонија меѓу амбицијата и застојот, Уставните измени – тест на зрелоста за европската иднина

November 5, 2025

Вонредна седница на белгискиот Совет за национална безбедност поради инцидентите со дроновите

November 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНТИКОРУПЦИЈА

Димитровска сè уште е шефица на Антикорупциска, иако има две обвиненија – едното за оддавање службени тајни, другото за фалсификување на испитот за добивање безбедносен сертификат, Собранието чека правосилна пресуда за да ја разреши

ДКСК работи и ќе продолжи да работи и да ги извршува своите надлежности пропишани со Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси.Од ДКСК информираат дека претседателката на Државната комисија за спречување на корупција согласно изречените мерки од надлежниот суд, во изминатиот период не доаѓа на работа.

July 21, 2025 13:31
in АНТИКОРУПЦИЈА, ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Татјана Димитровска, сѐ уште е актуелна претседателка на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) која од април годинава се сомничи за оддавање службена тајна во предметот „Адитив“. Соопштението на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција од 18-ти јули откри дека таа е обвинета за уште едно кривично дело. На Димитровска ѝ се става на товар и дека со цел да добие Сертификат за положен испит, во август 2024 година од службениот телефон преку апликацијата Вибер на третообвинетиот – ревизор во Државниот завод за ревизија (ДЗР), му испратила компјутерски податоци – логови за пристап на електронски систем за обука на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации. Третообвинетиот од службениот електронски уред на Државниот завод за ревизија пристапил од нејзината електронска адреса и во име и за нејзина сметка го положил тестот за класифицирани информации.

„Сертификатот за успешно завршување на курсот за класифицирани информации издаден од страна на Дирекција за безбедност на класифицирани информации второобвинетата го употребила како вистински компјутерски податок и врз основа на него ѝ бил издаден безбедносен сертификат за пристап до национални класифицирани информации со степен Државна тајна“, соопшти ОЈО ГОКК.

Претседателот на Собранието, Африм Гаши на денешниот брифинг со новинарите нагласи дека треба да има правосилна судска пресуда за да се почне постапка во законодавниот дом за одземање на мандатот на претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата Татјана Димитровска, која е обвинета за оддавање службена тајна и фалсификување на испитот за добивање безбедносен сертификат.

Потренцира дека собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата треба да одлучува за оваа прашање.

„Треба да има правосилна судска пресуда. Како што знаете, процедурата е пропишана во Деловникот и за тоа ќе одлучува Комисијата за прашања на изборите и именувањата. Значи, ако има било каква постапка, треба да се отпочне од таа Комисија. И ако тие одлучат можат да донесат каква било одлука. За разрешување, тие треба да донесат одлука па тоа да се процесира на пленарна седница. Што и да одлучи Комисијата, јас ќе го процесуирам во пленарна седница. Но, да, законот е јасен, значи зборува за не за покренување на обвинение, туку за правосилна судска пресуда. Тоа е делот каде што пратениците треба да размислат. Законски услови се уште нема, но делот на угледот, дали може некој да го води тоа тело, а има покренато обвинение, тоа повеќе е работа на етика и углед, достоинственост на водење на таа институција. Сепак, останува на Комисијата, рече претседателот на Законодавниот дом.

Гаши нагласи дека претседателката на ДКСК досега до Собрание нема доставено оставка. Потенцира дека иницијатива за разрешување на Димитровска треба да доаѓа од пратениците.

„Според мене, законските услови не се исполнети. Тие тоа не можат вонзаконски да го направат. Тие сепак ќе треба да одлучат. Таа Комисија има пратеник кој ја води, има правилник за работа. И особено кога избираат вакви важни претседатели на битни комисии, сигурно имало прилика порано како се одлучувало. Гледам дека и во јавноста има резервираност. Не е баш лесно да се влезе во тоа, затоа што некој административно тоа да го оспори, па да оди на Управен суд итн. Внимателни се во тој дел. Да се делува, а да не се направи штета, рече Гаши.

Димитровска уште во текот на истрагата објави дека нема намера да се повлече од фунцијата, бидејќи смета дека без судска пресуда, секој е невин. По предлог на Обвинителството, таа веќе неколку месеци има забрана да постапува во предмети на ДКСК, не смее да прима пошта, а судот и го одзема и пасошот.

Претседателката на Државната комисија за спречување на корупција, Татјана Димитровска, се огласи само еднаш пред три месеци по повод информациите за нејзина комуникација со лице обвинето во случајот „Адитив“, нагласувајќи дека разговорите немале никаква поврзаност со предметот. Таа појасни дека се работело за пријателска комуникација, која се одвивала пред започнувањето на официјалната постапка и пред изрекувањето мерка притвор за обвинетиот. Според Димовска, споделените содржини биле од јавен карактер и немале допирна точка со какви било коруптивни дејства.

„Сакам да ја информирам јавноста дека мојата комуникација со семеен пријател, кој подоцна стана обвинет во случајот „Адитив“, се одвивала во период пред да започне постапка за него пред надлежното обвинителство. Од соопштението од ОЈО за ГОКК се согледува дека нашата комуникација траела до декември 2024 година, или пред да му е изречена мерка притвор. По оваа мерка кон него, јас престанувам со комуникација, наведува таа во соопштението испратено до медиумите.

Додава дека разговорите што ги водела не содржеле ништо што може да се доведе во врска со предметот.

„Содржината на комуникацијата се однесува на разговори без никаква поврзаност со случајот предметот „Адитив“. Дел од споделените информации се однесуваат на јавни документи чија содржина пред нашата комуникација е објавена во јавност, а останатиот дел е вообичаена пријателска комуникација“, потенцираше таа.

Во соопштението, Димитровска истакнува дека нејзините колеги од Комисијата немаат никаква поврзаност со случајот, и дека предметот не е доделен кај неа, ниту има можност да влијае на постапката.

„Како претседател на Државната комисија за спречување на корупција, сакам да нагласам дека кредибилитетот и интегритетот на институцијата во никој случај не смее да биде оспорен. Принципот на презумпција на невиност, односно секој е невин додека не се докаже спротивното, како и принципот на владеење на правото, потребно е да се почитуваат. Останатите 6 члена на институцијата која ја претставувам, немаат никаква поврзаност со делото за кое сум осомничена. Во Државната комисија за спречување на корупцијата во тек е постапка за проверка на имотната состојба на наведено лице. Со електронската распределба предметот не е доделен за постапување кај мене, а согласно утврдените правила немам никаква можност да влијаам врз текот на постапката или врз исходот. Одлуките на ДКСК се носат колективно, со мнозинство гласови на членовите“, дополнува таа.

Најави целосна соработка со правосудните органи и почитување на сите мерки на претпазливост.

„Целосно ќе соработувам со надлежните правосудни органи и очекувам брза и транспарентна разрешница на настанот. Мерките на претпазливост ќе ги почитувам  во целост. До конечно изјаснување на обвинителството нема да давам дополнителни јавни изјави, освен ако тоа го наложат околностите, водејќи се од интересот на институционалниот интегритет и транспарентност. Очекувам до тогаш да се почитува интегритетот на ДКСК, мојот и интегритетот на  моето семејство“, вели претседателката на ДКСК.

Јавното обвинителство достави предлог за мерки за претпазливост за претседателката на Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК), Татјана Димитровска, во рамки на предметот „Адитив“ кои беа прифатени од Основен Кривичен суд Скопје.

Предметот „Адитив“ се однесува на истрага за злоупотреба на јавни набавки и перење пари во врска со набавката на адитиви за јаглен за потребите на АД ЕСМ – Подружница РЕК Битола и РЕК Осломеј. Обвинети се 31 физичко лице и 5 правни лица.

Според обвинителството, осомничените лица организирале и извршиле пререгистрација на правни субјекти за да изиграат постапките за јавна набавка, со што овозможиле одредени компании да добијат договори и да се стекнат со значителна имотна корист.

Одлуката за престанок на функцијата и разрешувањето на претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) е во надлежност на Собранието, согласно Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси. Како што се наведува во денешното соопштение од ДКСК, поднесување оставка како морален чин е одлука и право на самата претседателка на Комисијата.

„Имајќи предвид дека во конкретниот случај станува збор за индивидуална одговорност, Државната комисија работи и ќе продолжи да работи и да ги извршува своите надлежности пропишани со Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси“, велат од ДКСК.

Сепак, како што се посочува во соопштението, во интерес на непречено работење и успешно остварување на целта и надлежностите на Државната комисија од ДКСК ценат дека е исклучително важно Комисијата да функционира во полн состав.

Од ДКСК информираат дека претседателката на Државната комисија за спречување на корупција согласно изречените мерки од надлежниот суд, во изминатиот период не доаѓа на работа.

Д.М.

Share34Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    189 shares
    Share 76 Tweet 47
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ