• Latest
Конференција „Украина-Година на хероизмот“/ Фотографија: Ангел Ангеловски

Дипломатскиот кор во Северна Македонија со силна поддршка на Украина

March 14, 2023

ИЗБОРНА ХРОНИКА: На пет дена до втор круг од локалните избори – ветувања за исчистено Скопје во рок од 72 часа, финансиска поддршка од 7000 денари за пензионерите, разрешени избирачки одбори во Шуто Оризари

October 27, 2025

Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

October 27, 2025

Зебрњак: Историјата како алатка за влијание и тензии во Северна Македонија

October 27, 2025

ДИК утре ќе ги објави конечните резултати од првиот круг на локалните избори – разрешени избирачки одбори во Шуто Оризари

October 27, 2025
Фото: МВР

Приведени двајца полицајци за грабежот на златарницата во Гостивар

October 27, 2025
Креирано со помош на ВИ

Новата нуклеарна ракета на Путин – демонстрација на сила или страв од пораз?

October 27, 2025

ЕУ ја потпиша Конвенцијата на ОН за борба против сајбер криминалот

October 27, 2025
фото: Џ.Д. / ЦИВИЛ

Приведени две лица од раководството на „Комунална хигиена“ – меѓу нив и директорот Сабахудин Рустеми

October 27, 2025

ЕК распиша конкурс за проекти за прекугранични новинарски партнерства и медиумски плурализам

October 27, 2025
Поранешниот секретар на НАТО, Лорд Џорџ Робертсон. Фото: Скриншот од видео на
UK in Austria

Поранешниот шеф на НАТО: Српската православна црква е главен дистрибутер на руските политички интереси на Балканот

October 27, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КОНФЛИКТИ ВОЈНА ВО УКРАИНА ГОДИНИ НА ХЕРОИЗМОТ

Дипломатскиот кор во Северна Македонија со силна поддршка на Украина

March 14, 2023 12:36
in ВОЈНА ВО УКРАИНА, ГОДИНИ НА ХЕРОИЗМОТ, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Конференција „Украина-Година на хероизмот“/ Фотографија: Ангел Ангеловски

Конференција „Украина-Година на хероизмот“/ Фотографија: Ангел Ангеловски

Share on FacebookShare on Twitter

„Украина – година на хероизмот“ е заедничкиот наслов на големата конференција што се одржа на 24 февруари, во Домот на АРМ, во организација на ЦИВИЛ и украинската амбасада во Северна Македонија. Конференцијата беше поделена на три сесии.

На втората сесија говорници беа амбасадори и претставници на дипломатскиот кор во Северна Македонија.

Како говорници на втората сесија се обратија Амбасадорот на Европската унија во Северна Македонија, Дејвид Гир, Ерик Мејер, заменик на Амбасорката на САД, Амбасадорката на Романија во Северна Македонија, Адела Моника Аксинте, албанскиот амбасадор Фатос Река, заменичката на Амбасадорот на Обединетото Кралство, Jулиja Смит, јапонскиот амбасадор . Н. Е Казуја Оцука, Биби Грамсон, заменичка на Амбасодрката на Шведска, Амбасадорот на Република Чешка, Јарослав Лудва и Војциех Тицињски, Амбасадор на Полска.

Н. Е. Дејвид Гир, Амбасадор на ЕУ

Работејќи заедно, ги ублаживме и глобалните бранови ефекти со опаѓање на цените на храната и енергијата, делумно благодарение на нашите патеки за солидарност и на иницијативата за пренос на житото преку Црното море. Друга кампања на која мора да се спротивставиме е руската информативна војна. Нејзината агресивна воена пропаганда и дезинформации вклучуваат оправдување или негирање на злосторствата, нормализирање на окупацијата и префрлање на вината за инфлацијата, кризите со храна и енергија на земјите кои ја поддржуваат Украина.

Ерик Мејер, заменик на Амбасорката на САД

На претседател Пендаровски, претседател на парламентот, Џафери, министерка за одбрана, Петровска, и други лидери од Северна Македонија, би сакал да ја изразам мојата благодарност во името на Соединетите Држави за вашата непоколеблива заложба за спротивставување на руската агресија. Уште еднаш ја докажавте вашата вредност како сојузник на НАТО, како бранител на територијалниот интегритет и демократските вредности.

Н. Е. Фатос Река, Амбасадор на Албанија

Како што изјави од Њујорк министерката за Европа и надворешни работи на Албанија, Олта Џачка, рече Река „141 земји-членки на UNGA ја усвоија резолуцијата со која се повикува на мир во Украина, потврдувајќи ја поддршката за суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина како јасен доказ за изолацијата и осудата на Русија. Албанија беше ко-спонзор на оваа резолуција“. Во овие услови, сите ние мораме да продолжиме да стоиме покрај Украина, нејзиниот храбар, мирољубив и херојски народ, среде нивните жртви, додека војната не заврши и победи.

Н. Е. Војциех Тицињски, Амбасадор на Полска

Ги подржуваме Украина и Украинците, на високо ниво поради многу причини, почнувајќи од стратешките интереси на Полска и Украина. Би сакал да кажам дека сето ова го правиме како дел од меѓународната солидарност.

Н. Е. Адела Моника Аксинте, Амбасадорка на Романија

Од оваа гледна точка, ја цениме одлуката на Република Северна Македонија да се приклучи на групата за солидарност на романска територија. Во овој контекст, би сакала да ја искористам можноста посебно да и честитам на Северна Македонија за брзите и конкретни мерки кои што ги презема во однос на војната што Русија ја покрена врз Украина, за тоа што покажа лидерство во регионот и потврди дека Северна Македонија го има одредено својот пат кон Европската унија и вредностите.

Н. Е.  Јарослав Лудва, Амбасадор на Чешка

Република Чешка е традиционална дестинација за Украинци, за украинските работници, имавме и претходно во големи броеви, уште пред да започне војната, а и сега е главна дестинација за украинските бегалци. Досега, имаше повеќе од половина милион на кои што им е даден статус на  привремен престој, а сега има повеќе од половина милион бегалци во Република Чешка, како и оние кои што живеат и работат во Република Чешка, околу 900,000 Украинци кои што живеат во Република Чешка. Имаме и поддршка од државниот буџет за бегалците во Република Чешка. Нешто повеќе од еден милион евра и згора на тоа има хуманитарна помош, и тоа значителна хуманитарна помош на внатрешно раселените бегалци во Украина, како и оние во Молдавија.

Јулија Смит, заменичката на Амбасадорот на Обединетото Кралство

Тешко е да се додаде на нешто што беше кажано и гледајќи ги жртвите досега, затоа што Украина трагично влегува во втората година како живее под руско бомбардирање. Велам дека ние ги чуваме во срцата и мислите Украинците во овие ужасни времиња во нивната историја. Го цениме решеноста и отпорноста и стручноста на украинската армија која што ја турна Русија подалеку од тоа што очекуваше Путин, кој длабоко го потцени меѓународното заедништво кое испрати силна поддршка за Украина.

Н. Е. Казуја Оцука, Амбасадор на Јапонија

Руската инвазија на Украина служи како потсетник за потребата од солидарност наспроти неволјите. Меѓународната заедница мора да работи заедно на зачувување на мирот и безбедноста, бидејќи ова не е предизвик само за една нација, туку за целиот свет.

Биби Грамсон, заменичка на Амбасодрката на Шведска

Некои датуми засекогаш ќе бидат врежани во нашите мемории. Сите помниме што се случи на 24.02.2022 и што правевме тој ден кога Русија ја нападна Украина. Руската инвазија врз Украина демонстрира безграничен презир кон меѓународното право, европските безбедносни мерки  и најфундаменталните закони од Резолуцијата на ОН. Украинската цел и наша цел.  Претседателот Зеленски беше во право кога истакна дека неговите војници не се борат само за Украина, туку и за нашата безбедност и нашите вредности.

Подготви: Б. Јордановска
Монтажа: Ариан Мехмети

Print Friendly, PDF & Email
Tags: „Украина – година на хероизмот“Адела АксинтеБиби ГрамсонВојциех ТицињскиДејвид Гирдипломатски корЕрик МејерЈарослав ЛудваЈулија СмитКазуја ОцукаконференцијаФатос РекаЦивил
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    131 shares
    Share 52 Tweet 33
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    127 shares
    Share 51 Tweet 32
  • Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Експлозии во романските и унгарските рафинерии за нафта поврзани со Русија

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ