• Latest

Дискриминаторска одлука на Комисијата за заштита од дискриминација!?

May 25, 2017
Screenshot

Зеленски за нападот во Криви Рих: Апсолутно руско ѕверство, дефинитивно ќе одговориме

August 22, 2026
Гари Каспаров, цитат (фото извор: Енциклопедија Британика; графичка обработка: ЦИВИЛ МЕДИА)

Гари Каспаров: Единствениот начин руската агресија да не се повтори е таа да биде поразена во Украина

August 22, 2026

Националистичко месечарење – или – нешто не е в ред со Вучиќ

August 22, 2026

СЕЗОНСКИ ПОПУСТ на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – до 21 септември

August 22, 2026

ТЕЦ Неготино произведуваше струја, државата штедеше, а случајот стана „криминал“: Како дојде до случајот „Мазут“?

August 22, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Пензија: морков кој никогаш не си го видел, на стап со кој те тепаат цел живот

August 22, 2026

КОМУ ИДЕ: ВМРО-ДПМНЕ не сака, но нуди предвремени избори, ДУИ ги бара веднаш, СДСМ не сака да биде „алиби“, а ВЛЕН возврати со напад на ДУИ

August 21, 2026

Деноноќен терор врз Украина: ПВО е прашање на непосредно спасување животи

August 20, 2026
Зеленски - Вучиќ, Тирана, февруари 2024 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

Косово и „двојните стандарди“: Што доби Вучиќ од посетата на Зеленски

August 20, 2026

Опозицијата го даде одговорот, подготвени сме: ДУИ бара итни избори по изјавата на Мицкоски

August 20, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Дискриминаторска одлука на Комисијата за заштита од дискриминација!?

May 25, 2017 12:21
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

По претставката доставена од Коалицијата „Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници – СЗПМЗ“, Комисијата за заштита од дискриминација одлучи спротивно на ставот на Народниот правобранител. Во учебникот „Социјална патологија“ од авторите Зоран Сулејманов и Нелко Стојановски, во делот каде се дефинира хомосексуалноста стои: „Ако како девијантно го определивме она однесување кое во значителна мерка отстапува од општествените норми и вредности, на кои реагира општествената заедница, а кое се менува во времето и просторот, тогаш хомосексуалното однесување може да се третира како посебен вид девијантно однесување. Но, бидејќи ја спомнавме и општествената реакција, тогаш сметаме дека ставот кон оваа појава денеска во голема мера е ублажен, односно, зголемена е толерантноста. Но, сепак, во цивилизираните средини на современиот свет, воопштено кажано, хомосексуалноста се оценува негативно, како абнормална, девијантна појава во човечкото однесување“. (стр. 350) Како и: „Со медицинска терминологија би можеле да го означиме како хомосексуален синдром“. (стр. 355).

Во оваа дефиниција – Комисијата за заштита од дискриминација не препозна дискриминација.

По истата претставка, Народниот правобранител утврди дискриминација, а Ректоратот на УКИМ предвиде измени на Правиликот за организирање на издавачката дејност, со внесување на анти-дискриминаторска клаузула.

Според Народниот правобранител, „спорните текстови не се во склад и не соодветствуваат на сегашната домашна и меѓународна регулатива, односно, истите се застарени, полни со предрасуди и стереотипи кои се неприфатливи за едно модерно и демократско општество“.

Но, Комисијата за заштита од дискриминација смета дека во спорните делови од учебникот „не се содржани зборови кои упатуваат на навреди или на поттикнување на омраза“. Комисијата своето мислење го оправдува и со тоа дека „слободата на научното и на уметничкото творештво е загарантирано право со Уставот на Република Македонија“.

Тука, Комисијата не го зема во предвид фактот дека „слободата на изрзување, вклучително и слободата на  научното творештво е ограничена со говорот на омраза и заштитата од дискриминација на граѓаните“, велат од Коалицијата СЗПМЗ.

„Со ваквото постапување, Комисијата ги легитимира дискриминаторските практики, наместо истите да ги санкционира. Уште еднаш станува јасна потребата од итни законски измени на Законот за заштита и спречување од дискриминација, со цел професионализација и јакнење на капацитетите на Комисијата и нејзино одговорно и стручно работење“, сметаат од Коалицијата СЗПМЗ.

Оттаму бараат од Собранието да не дозволи овој важен орган за заштита на правата на граѓаните да остане узурпиран од ВМРО-ДПМНЕ и во најскор можен рок да почне постапка за промена на составот на Комисијата за заштита од дискриминација.

Марија Теговска

Tags: „Социјална патологија“дискриминацијаКомисија за заштита од дискриминацијаНароден правобранителобразование
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ