• Latest

„Демократија“ со насилни примеси … осми ден!

October 3, 2017
Проф. д-р Стево Пендаровски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Пендаровски отвора нови прашања за „шпионската афера“ во Кабинетот на претседателката: Ако нема афера, зошто е суспендиран ИТ-техничар?

June 2, 2026
Кијив, 2 јуни 2026 (Укринформ)

Продолжува рускиот терор врз цивилни цели во Украина: Масовен напад врз Кијив, Днипро, Харкив и Запорижја, има загинати и повредени

June 2, 2026
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Политичарите се проблемот, не меѓуетничките односи – граѓаните бараат помалку национализам и повеќе заедништво

June 2, 2026

Белешка за еднаквоста во граѓанска држава, а не во држава на „природни“ сопственици

June 1, 2026
Бенјамин Нетанјаху (фото извор: Wikimedia)

Израел повторно го таргетира Бејрут: Нетанјаху нареди напади врз јужните предградија, расте стравот од поширока регионална ескалација

June 1, 2026
Фотографија: Скриншот од видео објавено на Х профилот на францускиот претседател Емануел Макрон

Француската морнарица пресретна санкциониран руски танкер во Атлантикот

June 1, 2026
Фото: Скриншот

Суд во Хамбург му забрани на „Шпигел“ да го поврзува Вучиќ со „Сараевското сафари“

June 1, 2026

УТРИНСКА ПОШТА: Кошта на турнеја низ Западен Балкан, ЕУ со дополнителни 3,2 милијарди евра за поддршка на Украина; на полноќ нови цени на горивата

June 1, 2026

Одма боље видиш

May 31, 2026

Правдата и правосудството меѓу чеканот и наковалната

May 30, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

„Демократија“ со насилни примеси … осми ден!

October 3, 2017 14:13
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Напад врз градоначалникот и актуелен пратеник од Сојузот на Роми на Македонија, Елвис Бајрам и шефoт на неговиот кабинет, Аднан Мемет синоќа. А, пред неколку дена, со огнено оружје беше повреден Алит Абази, носителот на советничката листа од Кичево. Овие инциденти изминативе 8 дена ставија неизбришани траги врз изборната кампања, за нова локална власт, која што требаше да биде мирна, фер и демократска. Впрочем пред почетокот на кампањата, политичките партии и ривали за градоначалничката функција си подадоа рака и потпишаа Кодекс за фер и демократски избори.

Полицијата има круцијална улога во расветлување на случаите, коишто според познавачите на приликите имаат друга, но не политичка позадина. Ама, факт е дека политичарите се мета на напаѓачите. А, за насилството нема оправдување.

СДСМ која што ја предводи коалицијата што ќе донесе живот во Македонија, синоќа од Велес го најави новото сонце и тоа со ред комунални проекти, ред економски, ред еколошки.

ВМРО-ДПМНЕ која што ја предводи коалицијата што ќе донесе нова ера, по 12 години руинирање на целиот систем, од Кичево синоќа вети нови проекти за развој.

Лидерот Никола Груевски, којшто владееше со своите братучеди, кумови, пријатели … и којшто допрва треба да седне на обвинителна клупа за многу кривични дела, кои му се товарат од СЈО, сега ја обвини новата Влада за „непотизам и тендери за лично богатење“.

На локално ниво, кандидатите за градоначалници, кои што носат „живот“ и „нова ера“, се следат до таа мера, што почнаа да си ги копираат проектите.

Граѓан(к)ите пак ги следат будно и едните и другите и третите … А, на медиумските дебати, доаѓаат сите, освен кандидатите од ВМРО-ДПМНЕ. Пред народот имаат храброст да продолжат со популизмот, ама пред камерите -не!

Од друга страна, на изборната кампања не останаа имуни ниту некои духовни „учители“. Па ѝзабележуваат на СДСМ, дека со неуставни еднојазични, изборни плакати (само со албанско писмо и порака) ја води кампањата во општина Арачиново, каде за свој кандидат за градоначалник, ја избра Миликије Халими.

Изборната кампања продолжува. Од град во град, врата до врата, од едно до друго маало, се носат запалки, маици, кафе, навивачки балони, пенкала, торбички … како засилување на изборната програма. Со силен стисок на раката, сега се ветува сѐ … „нова ера“, „нов живот“ …  сѐ само, Македонија „вечна“ да е!!!

Моника Талеска

Tags: Аднан МеметАлит АбазиВМРО-ДПМНЕЕлвис Бајрамизборна кампањаинцидентиискршени штабовиСДСМСојуз на Ромите на Македонијатепачка
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ