• Latest

„Ден без жени“

February 21, 2017

Сите засравме сѐ

July 2, 2026

Неподнослива леснотија на владеењето

July 2, 2026
Кијив, 2 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив преживеа уште една ноќ на руски терор: најмалку 13 загинати во масовен напад со ракети и дронови

July 2, 2026

Изборен инженеринг во најава: Како власта си го приватизира Изборниот законик

July 1, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Гласање по интернет како компензација

July 1, 2026

Граѓански форум: „Едно големо ништо“ – доминантен одговор за реконструираната влада на Мицкоски

July 1, 2026

Реконструкција без реформски потенцијал: Нова шминка на старото лице на власта, државата останува блокирана

July 1, 2026

Мицкоски ја реконструира Владата: Промени во ресорите и проширување на коалицијата

July 1, 2026

Разурнувачкото „наследство“ на РФ

June 30, 2026
Илустрација ВИ

Изборниот законик во заложништво на партиските пресметки – изборните реформи заглавени меѓу блокади и обвинувања

June 30, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ

„Ден без жени“

February 21, 2017 11:57
in СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

„Идејата е да се мобилизираат жените, вклучувајќи ги и транс-жените, и сите оние што ги поддржуваат, во меѓународен ден на борба – марширајќи, блокирајќи патишта, мостови и плоштади, воздржувајќи се од домашната работа, од грижата и од сексот, бојкотирајќи ги… Овие активности се насочени – да се направат  видливи потребите и аспирациите на сите оние што се игнорирани: жените на формалниот пазар на труд, жените што работат во сферата на општествената репродукција и грижа, и невработените жени, како и оние со несигурна работа“, вели феминстката Ангела Дејвис, која во колумна во Гардијан, , под наслов „Ден без жени“, повикува на генерален штрајк на 8 Март – Меѓународниот ден на жената.

Дејвис заедно со преостанатите членки од групата што го организираше Женскиот марш во Вашингтон по инаугурацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, повикуваат за феминистичко движење и за масовен штрајк, што нема да е насочен само против претседателот Трамп конкретно, туку ќе се протестира и во името на долгогодишната борба на жените против насилството на мажите и за постигнување на репродуктивното право и правата на работничките. Феминистички групи од повеќе од 30 земји, исто така, помагаат да се организира штрајкот.

Поддржувачите на оваа идеја, преку Твитер профилот „Марш на жените“, информираат дека за подетални насоки како ќе се организира и како ќе изгледа штрајкот, ќе известуваат дополнително.

Ако се има во предвид дека Маршот за женски права кој започна во САД, како реакција на ставовите на Трамп во однос на жените поддршка доби и од жителите на Синднеј, Лондон, Париз, Прага, Берлин, Женева, Амстердам, Белград, Приштина, а протести имаше и во Јужна Африка…, или, вкупно, во 37 држави, каде се одржаа 600 протести, се очекува масовна поддршка и за најавениот штрајк „Ден без жени“.

Tags: 8ми МартДен без жениДоналд Трампженски праваШтрајк
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ