• Latest

Денот на еднакви плати „прославен“ со 12% разлика

April 10, 2018

Изборен инженеринг во најава: Како власта си го приватизира Изборниот законик

July 1, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Гласање по интернет како компензација

July 1, 2026

Граѓански форум: „Едно големо ништо“ – доминантен одговор за реконструираната влада на Мицкоски

July 1, 2026

Реконструкција без реформски потенцијал: Нова шминка на старото лице на власта, државата останува блокирана

July 1, 2026

Мицкоски ја реконструира Владата: Промени во ресорите и проширување на коалицијата

July 1, 2026

Разурнувачкото „наследство“ на РФ

June 30, 2026
Илустрација ВИ

Изборниот законик во заложништво на партиските пресметки – изборните реформи заглавени меѓу блокади и обвинувања

June 30, 2026

Мицкоски има потреба од внимание и нежност, поддршка

June 30, 2026

Владина реконструкција: Пазарење со фотелји и партиски рокади на сметка на реформите

June 30, 2026

Децентрализација без демократизација – изгубениот глас на граѓанинот

June 30, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Денот на еднакви плати „прославен“ со 12% разлика

April 10, 2018 13:35
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

10 април во светот се одбележува како Ден на еднакви плати, а според податоците на Фајненс Тинк жените во Македонија се за 12% помалку платени од мажите, а разликата се зголемува до 18% кога се земаат предвид образованието, возраста, секторот и занимањето.

„За работно време од 08:00 до 16:00 часот жените треба да заминат од работа во 15:04 за да бидат еднакви со мажите, што е соодветно на јазот во плати од 12%“, стои во податоците објавени на фејсбук страната на организацијата.

Во Македонија мажите земаат поголеми плати од жените според возраст, стаж и големина на претпријатие, со исклучок на лицата со работен стаж меѓу 30 и 34 години каде жените земаат 6% поголема плата.

Порастот на минималната плата и воедначувањето во секторите текстил и кожа – кои вработуваат повеќе жени – се очекува да придонесе за намалување на родовиот јаз во платите.

Според Фајненс Тинк покрај зголемувањето на минималната плата како можно решение за намалување на родовиот јаз во платите ги наведуваат и воведувањето на онлајн калкулатор на плати во различни индустрии, сектори и професии, зголемување на бројот на установи за детска грижа, воведување на флексибилно работно време, воведување право за скратено работно време на родител на новородено дете, воведување татковско платено отсуство, развивање на вештините кај жените и нивна поддршка во субвенционирано отворање претпријатија, зголемување на учеството на жените во стручното образование, родова еднаквост во приватниот сектор и контроли за намалување на родовиот јаз, национална кампања за ззголемување на свеста кај граѓаните со цел намалување на негативните последици од родовиот јаз во плати и спроведување на годишен извештај за родовиот јаз во плати.

М. Ивановска

Tags: еднакви платиплатиродово балансирани платиФајненс тинк
Share4TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ