Денеска во Собранието, во 12 часот ќе продолжи 32. седница на која како осма точка е ставена расправата за Законот за јазиците.
Претседателот на Собранието, Талат Џафери вчера ја прескокна оваа точка, бидејќи како што рече, немало технички услови за расправата.
Тој информираше дека собраниските служби не ги обработиле и превеле 35.569 амандмани поднесени од опозицијата.
Претходно, на оваа седница ќе се гласа по точките кои се однесуваат на составите на собраниски органи, тела, комисии, делегации, совети и комитети.
Извор: META
Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.