• Latest

До мај ќе се анализира примената на Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета

April 1, 2020

Аферата Алта банка: Парите, политиката и мрежата на моќ од Белград до Скопје и пошироко

October 31, 2026

Кога ќе се совпаднат изборите во Брвеница и цената на студентскиот оброк

October 31, 2026

Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

October 30, 2026
Амб. Лариса Дир

Украинската амбасадорка Лариса Дир за ЦИВИЛ МЕДИА: Рускиот агресор ги користи студот и темнината како оружје против Украинците

October 30, 2026

Севернокорејски хакери поврзани со рекордна кражба во вредност околу 6,36 милијарди долари од криптоберзата Binance

October 30, 2026
Илустрација ВИ

Власта во Србија меѓу рокот за конституирање и механизмите за одолговлекување на СНС

October 30, 2026

Напад со три поморски дрона во Црното Море: Потона брод, сите 18 морнари се спасени

October 29, 2026
Олешки, Украина, 2026

Олешки чека храна и лекови: Прекин на огнот во украинскиот град под руска окупација

October 29, 2026

Избори во Израел: Обвинувања за изборни нерегуларности, арапските партии со рекорден резултат, неизвесни коалициски преговори

October 29, 2026

Светската банка: Енергијата поскапува 32%, растот на цените на храната ќе продолжи и во 2027 година

October 29, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

До мај ќе се анализира примената на Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета

April 1, 2020 12:03
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Експерт ангажиран од Канцеларијата на Обединетите нации за проектни услуги (УНОПС) до крајот на мај треба да изготви анализа за примената на Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета, со посебен акцент на релевантните меѓународни документи и анализа на јуриспруденцијата на Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) во Стразбур, информираат од Министерството за правда. Во изработената анализа ќе бидат содржани и соодветни препораки.

Од Министерството за правда за „Мета.мк“ посочуваат дека по изготвувањето на анализата и првичната верзија на законските измени, во ова министерство ќе профункционира работната група, која врз основа на дадените препораки и предлози на експертот ќе заземе став за сите прашања поврзани со законот. Меѓу најзначајните теми што ќе треба да се разгледаат е евентуалната можност за укинување на навредата од актуелниот закон, како и определувањето на висината на идните износи на штета што би се досудувале во случаи на клевета.

– Работната група која ќе работи на измените и дополнувањата на законот ќе биде составена од претставници на Здружението на новинари, судии, претставници од науката и претставници од Министерството за правда – потенцираат од ова министерство.

Од Министерството велат дека роковите за изготвување и донесување на новиот закон ќе зависат и од развојот на настаните поврзани со корона вирусот во нашата земја. Како и да е, измените на постојниот Закон за граѓанска одговорност за навреда и клевета ќе бидат засновани на анализата на праксата на ЕСЧП и компаративните демократски искуства.

Ревидирањето на македонското законодавство во делот на навредата и клеветата е една од клучните препораки од извештајот на Рајнхард Прибе и итните реформски приоритети што треба да се спроведат во сферата на медиумите и слободата на изразување. Од актуелниот Закон за граѓанска одговорност за навреда и клевета треба да се отстранат случаите од типот на “чест”, “достоинство” и “навреда”, кои се поведуваат во согласност со законската дефиниција за навреда, а се надвор од опфатот на дефиницијата за навреда во смисла на членот 10 од Европската конвенција за човекови права. / МЕТА

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ