• Latest
Добро утро со Орданоски

Добро им го тоа направи!

November 1, 2017
Премиерот Христијан Мицкоски, седница во Собранието за реконструкција на владата, 13 јули 2026 (фото извор: Влада)

Скандалозна реконструкција на Владата: Навредите на Стоиљковиќ – мрачен потсетник за состојбата на политичката култура и демократијата во земјата

July 14, 2026
Џелал Хоџиќ

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Сеќавањето на Сребреница е цивилизациска обврска – последната фаза од геноцидот е неговото негирање

July 14, 2026

Случај „Мазут“: На што се жали ЕСМ ако претходно „им симнувале капа“ на РКМ?

July 13, 2026
Андриј Сибига

Украина бара меѓународен механизам за враќање на цивилните заложници: Русија спроведува системска политика на киднапирање и тортура

July 13, 2026
РУСКА ДЕСТРУКЦИЈА: Мариупол, Украина (фото извор: Фејсбук страница - Mariupol Destruction and Victims)

Крвавиот објектив на Кремљ: Како преку престижна германска награда се пере рускиот геноцид во Мариупол

July 13, 2026

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026
Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Новата бугарска влада на РСМ

July 12, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Попрво би крварел во побуна отколку да гнијам во послушност

July 12, 2026
Кијив, 11 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив повторно под руски напад со балистички ракети и дронови: повредени 11 лица, меѓу нив и дете, Украина бара итно зајакнување на ПВО

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ

Добро им го тоа направи!

November 1, 2017 08:00
in ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ, СЛОБОДНА ЗОНА
Добро утро со Орданоски

Добро утро со Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: Сашо Орданоски

[dropcap]О[/dropcap]фицијалниот податок дека СДСМ, во десетината дена меѓу двата изборни круга, му платил на ТВ Сител 125.000 евра за сопствено партиско рекламирање, ми ја смири нервозата што се беше насобрала во мене од големата неизвесност дали е постигнат договор за соработка меѓу Ѕинговци и Заев. Добро е, шуќур, успеале да се договорат, иако слушам дека Латас финансиски добро ги „одрал“ победнициве на изборите со тоа што се спогодиле, за сѐ уште неоткриена сума на пари, за време на избориве тој привремено да се повлече од програмата на Сител, за уредувачката политика на Ѕинговци понезабележано да се приближи кон ставовите на премиерот и неговата партија.

При тоа, овие 125.000 евра се само првата транша од поголемата сума за која се спогодиле СДСМ и Сител, а која, во одделни трансакции – а можеби и со пари од демократските фондови на УСАИД – под разни комерцијални изговори и од разни извори, сукцесивно во наредните месеци ќе им биде исплатувана на „букетот“ од 50-тина различни фирми кои ја сочинуваат деловната империја на кланот на Ѕинго.

(Дури, некои зли јазици говорат дека и поразот на Ѕинговиот кандидат за градоначалник во Кратово бил дел од ваквиот договор, но овие шпекулации сепак не треба да се земаат „здраво за готово“, со оглед на принципиелните ставови на СДСМ никогаш да не ја мешаат својата партиска и финансиска политика со слободата на медиумското изразување.)

Со ваквиот навистина свеж пристап кон медиумскиот пазар во Македонија, СДСМ си обезбедува значајна поддршка за развивањето на реформската агенда во државата, особено на правната држава, како и за промена во односот кон независното и професионално новинарство, после долгите години на диктаторскиот режим на ВМРО-ДПМНЕ. Како што е познато, Груевски настојуваше сопствениците на телевизиите и нивните уреднички тимови, како оние во Сител и Канал 5, на пример, да ги отруе со испарувањата и штетните хемиски токсини што ги произведува златото, среброто и другите скапи метали со кои со години наназад ги опсипуваше нивните банкарски конта. Бавна смрт од труење со вредни метали – тоа сакаше да го постигне Груевски со својот монструозен антидемократски медиумски план!

За среќа, светилниците на македонското слободарско новинарство – ТВ Сител, пред сите! – го преживеаја падот на деспотот Груевски и му се фрлија на храбрите плеќи (во пределот на цицките) на ослободителот Заев кој, за возврат, им вети Живот за сите! За да докаже дека не зборува празни политички флоскули, новопечениве пријателчиња и партнери преминаа на склучување и извршување на спомнатиот финансиски договор, без одлагање. На тој начин, Сител со право го собра демократскиот „кајмак“ во распределбата на рекламните пари, бидејќи телевизиите како Телма, Алсат или 24 Вести, на пример – а да не зборувам за неколку патетични њуз-портали што ги водат некои мои пријатели и колеги – навистина не заслужуваат таква поддршка од СДСМ, со оглед на нивната долгогодишна калкулантска и недемократска уредувачка политика!

Добро им го тоа направивте, другарчиња од СДСМ, да цркнат душманите на македонската демократска иднина! И внимателно кога му седнувате во скут на Сител, да не дојде до несакано, а болно накршување… Молам? Не, не, вие седнувате, накршувањето може да настане кај нив, не кај вас.

 


Преземањето на оваа содржина е дозволено само по 11 часот, на денот на објавувањето. Потоа, важат вообичаените правила според лиценцата Creative Commons 1.0.

Tags: 24 ВестиАлсатГруевскиЅингоКанал 5СителТелмаУСАИД
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ