• Latest

Додека светските медиуми јавуваат за скандалите на Орбан, Вучиќ и Јанша, македонската власт „мудро“ молчи

March 25, 2026

Руски дрон погоди патнички воз во Одеската област: Убиени машиновозачот и неговиот помошник, 340 патници евакуирани

August 13, 2026
By Jacob Jordaens - si.wsj.net, Public Domain

Отец Бережној од Православната црква на Украина ѝ порача на МПЦ: „Бидете добриот Самарјанин за нас“ – што значи тоа?

August 13, 2026

Информации за наводно присуство на ешерихија коли во скопската вода предизвикаа паника, МВР повикува лица на информативни разговори

August 13, 2026
Потпишување на Охридскиот рамковен договор, 13 август 2001 година

Од 2001 до денес: Што остана од духот на Охридскиот рамковен договор

August 13, 2026

(ВИДЕО) Ова е руското наследство

August 13, 2026
Отец Сергиј Бережној, манастирски комплекс „Св. Михаил“ во Кијив, 23 јули 2026 (фото: Џабир Дерала/ЦИВИЛ)

Сергиј Бережној: Политичкото православие нема ништо заедничко со Христос – Русија ја претвори религијата во оружје против Украина

August 12, 2026
Џелал Хоџиќ (фото: ЦИВИЛ)

Џелал Хоџиќ: Маратон кон ЕУ, спринт кон „српскиот свет“ (ВИДЕО)

August 12, 2026
Севернокорејски ракетен систем KN-23 (фото извор: севернокорејски медиуми)

Севернокорејски ракети во рускиот арсенал на теророт: Воениот сојуз Кремљ-Пјонгјанг е закана за Европа и светот

August 12, 2026

Нема загадување, нема пријавена штета, нема докази за перење пари, но случајот „Мазут“ сѐ уште е жив

August 12, 2026
Игор Дурловски (фото извор: соопштение на ДУИ)

„Влада на исклучување“ наспроти „приватизација на Охридскиот договор“: Пресметка меѓу ДУИ и ВЛЕН за владиниот спот

August 12, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Додека светските медиуми јавуваат за скандалите на Орбан, Вучиќ и Јанша, македонската власт „мудро“ молчи

March 25, 2026 11:36
in ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: Џелал Хоџиќ

Деновиве во демократскиот свет интензивно се пишува за неколку големи скандали, а кои се однесуваат на авторитарната власт на Виктор Орбан и официјална Будимпешта, но за нив засега нема никаков коментар од македонските власти, кои со Орбанова Унгарија изградија стратешко партнерство. Молкот на македонските власти можеби се однесува поради шокот дека столицата на авторитарниот лидер Орбан (нивниот политички ментор и спонзор) се тресе, па не знаат како да се постават. Но тоа не значи дека македонската демократската јавност не е заинтересирана за погледите и позициите на македонскиот премиер и министер за надворешни работи, по овие прашања за кои пишуваат светските медиуми.

Да почнеме со ред. Првиот голем скандал кој ја тресе демократска Европа, е дека  Европската комисија изрази сериозна загриженост по медиумските информации дека Унгарија со години ѝ доставувала доверливи податоци на  Русија, добиени од затворени состаноци во Брисел. Унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, призна дека му се јавувал на својот руски колега, Сергеј Лавров, за време на состаноците зад затворени врати на Европската унија, релативизирајќи го скандалот со тврдење дека тоа е стандардна дипломатска практика.

„Дипломатијата е разговор со лидерите на другите земји“, ќе рече Сијарто на изборен митинг во Унгарија, додавајќи дека разговара и со американски, турски, израелски или српски претставници.

Со други зборови: Нашата власт одбра да гради стратешко партнерство со авторитарна власт од Будимпешта, чиј министер за надворешни работи го шпионирал Брисел во Москва, во интерес на режимот на рускиот диктатор Путин.

Вториот скандал, за кој пишува Вашингтон Пост, се однесува на руските оперативци кои предложиле радикален потег за да го спасат својот најважен сојузник во ЕУ, Виктор Орбан, со организирање обид за атентат. Целта била фундаментално да се промени целата парадигма на изборната кампања преку лажен напад врз премиерот Орбан.

Очекувањата биле таквиот инцидент да ја помести перцепцијата за кампањата од рационалниот домен на социоекономските прашања во емоционален, каде што клучните теми би станале државната безбедност и стабилноста и одбраната на политичкиот систем. Иако досега немало физички напади врз Орбан, неговата популарност е сериозно нарушена од влошувањето на економската состојба. Самата идеја да се инсценира атентат покажува колку се високи влоговите за Москва во оваа унгарска изборна трка.

Со други зборови: Македонскиот премиер Мицкоски, одбра да ја врзува судбината на Северна Македонија за авторитарниот лидер Орбан, за чиј опстанок во Будимпешта најголем интерес покажува режимот на Путин во Москва.

Третиот скандал за кој се зборува во демократскиот свет, надвор од границите на Унгарија се обвинувањата за злоупотребата на унгарските разузнавачки служби, од страна на премиерот Виктор Орбан и неговиот најблизок круг, да работат против опозициската партијата Тиса, која се подготвува за промена на владата. Изборите во Унгарија ќе се одржат на 12 април 2026 година. Со други зборови: Авторитарниот лидер Орбан има потреба од злоупотреба на безбедносните служби за опстанок на власта, како и поранешниот македонски авторитарен лидер Груевски. Со потсетување дека Груевски за своето бегство од судот и правдата најде заштита токму кај авторитарниот режим кај Орбан, во Будимпешта.

Во светските медиуми негативно внимание имаше уште еден политички стратешки партнер на македонската власт, тоа е авторитарниот лидер на Србија. Во негативен контекст за Александар Вучиќ пишуваат медиуми од Германија, Австрија и Швајцарија, а тема во нивните текстови беше тоа што Србија купила хиперсонични ракети од Кина.

Власта во Северна Македонија и нејзините пропагандисти уште не го искоментираа Законот за Западен Балкан усвоен во САД, во кој авторитарниот режим на Вучиќ експлицитно се спомнува со јасно опишување на недемократските практики и позиции. Сега нашата власт и нејзините пропагандисти мудро молчат и за тоа што Србија набавува офанзивно оружје од Кина, а ние сме држава членка на НАТО, кое е демонизирано во Србија, после бомбардирањето на НАТО на милошевиќевата Србија во 1999 година.

Од регионот има уште неколку скандали кои се интересни, а треба да го имаат вниманието на македонската демократска јавност. Словенија ја тресе скандал со обвинувања за странско мешање во изборите и корупција, обелоденет на само неколку дена пред парламентарните избори кои се одржаа на 22 март. Истражувачки извештај на ЦИВИЛ откри поврзаност на високи личности од израелската приватна разузнавачка компанија Black Cube со лидерот на централно-десничарската опозиција Јанез Јанша.

Скандалот се врти околу низа протечени аудио-снимки и тајно снимани видеа кои се појавија во последните недели, обвинувајќи за корупција високи личности поврзани со Движењето за слобода на премиерот Роберт Голоб и неговите коалициски партнери. Словенечка демократска партија на Јанша во тесен резултат загуби од  коалицијата на централно-левичарскиот премиер Голоб.

Јанез Јанша, словенечки десничар, е дел од „политичката мрежа“ на Виктор Орбан, во државите од бивша Југославија, заедно со политичари од типот на Милорад Додик и Драган Човиќ од БиХ, како и авторитарниот лидер на Србија Александар Вучиќ.  Сите овие имаат за цел, во интерес на Русија, да го сопрат интегрирањето на своите држави во ЕУ.

Звучи познато?

Нашата власт се откажа од патот кон ЕУ, поради наводната загрозеност на идентитетски прашања. Мислите дека огромната популарност на Путин и Вучиќ во Северна Македонија е случајна?

Во изминатиов месец имав можност да поразговарам со доста мои пријатели од регионот, од Љубљана, Загреб, Белград, Подгорица, Приштина и Сараево. Сите оние пријатели кои во политичките ставови се водат од демократските вредности, без разлика на етничка и верска припадност, имаа еден заклучок: Ако Орбан падне на изборите во Унгарија во април, тоа е нова и убава шанса за демократијата во државите од Западниот Балкан.

Главното прашањето за сите нас е: какви ќе бидат последиците по Северна Македонија и македонската власт, ако авторитарниот режим на Орбан падне на 12 април?  Дотогаш може некој и ќе постави директни прашања до Мицкоски и Муцунски, како тие размислуваат и кои се нивните ставови за скандалите на Орбан и Вучиќ, а за кои пишуваат светските медиуми.

 


Текстот е личен став на авторот.


Џелал Хоџиќ е македонски политичар, колумнист и претседател на СДА Македонија. Неговата кариера е обележана со ангажман во граѓанскиот сектор, медиумите, и државните институции.

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ