• Latest
Креирано со помош на ВИ

Додека власта се фали со „квалитетот“ на животот, дијабетичарите „квалитетно“ чекаат лекови

February 13, 2026

ВЛЕН и ДУИ: Кој е заслужен за неизградбата на автопатот Скопје – Блаце?

August 26, 2026

Мицкоски коленичи пред Трамп, а Северна Македонија ја нуди како коцкарски жетон

August 26, 2026

Податочни центри во Северна Македонија: Помеѓу технолошката неопходност, локалните реалности и зелените стратегии

August 26, 2026

Украинската сила против руското зло: Моќна порака на претседателот Зеленски до нацијата

August 26, 2026

Опозицијата игра баскет

August 26, 2026

САД го засилуваат економскиот притисок врз Иран: Нови санкции, секундарни мерки и битка за Ормускиот теснец

August 25, 2026
Фото: МИА

ЕУ подготвува нови правила за проширување: Построги услови, постепена интеграција и „заштита од тројански коњи“

August 25, 2026
фото: ВИ

Неплатените државни обврски се приближуваат до 700 милиони евра, над 315 милиони евра кон приватниот сектор

August 25, 2026

Курти: Несогласувањето со Кијив не ја менува поддршката на Косово за Украина

August 24, 2026
Посебната сесија на Интерпартиската парламентарна група за поддршка на Кримската платформа, по повод 35-годишнината од независноста на Украина, Собрание на Северна Македонија, 24 август 2026 година (Фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

Бројни отсуства на сесијата за Украина во Собранието: Нема потврда за координиран бојкот

August 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Додека власта се фали со „квалитетот“ на животот, дијабетичарите „квалитетно“ чекаат лекови

February 13, 2026 12:53
in БРЗА ПОШТА, ЗДРАВСТВО, ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Креирано со помош на ВИ

Креирано со помош на ВИ

Share on FacebookShare on Twitter

ДРАГАН МИШЕВ

Додека директорот на фондот за здравство, Сашо Клековски преку социјалните мрежи ги убедува граѓаните на Северна Македонија колку „многу“ може да се купи со минималната бруто плата во Македонија, и дека земјата е далеку од дното и се искачува од 26. место номинално на 20. место во регионот, но и ЕУ+земји кандидати, здравјето на дијабетичарите повторно е доведено во прашање, откако по којзнае кој пат во инсулинските аптеки се појави недостиг на дел од терапијата за дијабетес.

Како и во декември, кога на крајот на минатата година, оваа не мала категорија граѓани остана без лекот Рибелсус, но и без дел од инсулинската терапија, недостигот продолжи и во јануари оваа година, кога според Здруженијата на пациенти, околу 400 до 500 пациенти со дијабетес тип 2 останаа без овој лек.

И похрај континуираните предупредувања за недостатоци на лекови во третманот на дијабетесот, нема подобрување на состојбата. Повторно, на средината на месец февруари, лекот Рибелсус сѐ уште не беше дистрибуиран до инсулинските аптеки. По контактите со инсулинските аптеки, дознаваме дека во дел од аптеките, поточно во таа во поликлиниката Бит Пазар, дури денес, на 13 февруари, започнал да се дистрибуира дефицитарниот лек, додека при последното јавување утрово во поликлиниката Јане Сандански, лекот сѐ уште го немаше.

За потсетување, лекот Рибелсус го намалува ризикот од кардиоваскуларни компликации кај пациентите со дијабет тип 2, кои во државата, според Министерството за здравство, ги има речиси 136.000.

Лекот на пациентите со дијабетес им се издава бесплатно во инсулинските аптеки, но истиот не се наоѓа на Позитивната листа и како таков, не паѓа на товар на Фондот за здравствено осигурување  и вон инсулинските аптеки, неговата набавка паѓа на товар на пациентите. И оние кои не можат да си го дозволат, го минуваат месецот без него. Некои го купуваат во соседството, пред се во аптеките во пограничните места во Косово, каде истиот се продава по поевтина цена.

И наместо да ја спроведува партиската агенда за спинување и убедување на населението дека во земјава квалитетот на животот е подобар од оној кој тие навистина го чувствуваат во секојдневниот живот, директорот на фондот за здравство, Клековски треба посериозно да се зафата со подобрување на квалитетот на услугите за пациентите во земјава, меѓу кои спаѓаат и дијабетичарите. Граѓаните, всушност, за тоа и го плаќаат


Текстот е личен став на Авторот

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ