• Latest

Доделени сертификати на учесниците за успешно завршување на Школата за млади лидери „Peace forum dialogue”

August 15, 2023
РУСКА ДЕСТРУКЦИЈА: Мариупол, Украина (фото извор: Фејсбук страница - Mariupol Destruction and Victims)

Крвавиот објектив на Кремљ: Како преку престижна германска награда се пере рускиот геноцид во Мариупол

July 13, 2026

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026
Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Новата бугарска влада на РСМ

July 12, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Попрво би крварел во побуна отколку да гнијам во послушност

July 12, 2026
Кијив, 11 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив повторно под руски напад со балистички ракети и дронови: повредени 11 лица, меѓу нив и дете, Украина бара итно зајакнување на ПВО

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
Погребување на пронајдени жртви на геноцидот во Сребреница

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

11 Јули: Меѓународен ден на сеќавање и размислување за геноцидот во Сребреница

July 11, 2026

Зеленски од Анкара: Русија ја донесе војната во Украина, ние само се браниме – Европа мора да изгради силна заштита од балистички ракети

July 9, 2026

Ако не се подобриме ќе ни биде полошо

July 9, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home МУЛТИКУЛТУРА

Доделени сертификати на учесниците за успешно завршување на Школата за млади лидери „Peace forum dialogue”

August 15, 2023 14:41
in ВЕСТИ, МУЛТИКУЛТУРА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, заедно со првиот заменик на претседателот на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, присуствуваше и се обрати на настан по повод одбележување на 22 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор. На настанот, премиерот Ковачевски и првиот вицепремиер Груби им доделија сертификати на учесниците за успешно завршување на Школата за млади лидери „Peace forum dialogue” на тема „Интеграција преку помирување“ во организација на Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците.

„Оваа година одбележуваме 22 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, кога нашата држава отвори ново поглавје од својата понова историја во духот на мирот, добрососедството и взаемната почит. Од држава која пред повеќе од две децении се соочуваше со можноста од разлевање на конфликтот, прераснавме во симбол на мултиетничноста, мултиконфесионалноста и мултикултурализмот. Охридскиот Рамковен договор го замени говорот на оружјето на терен со говорот на разумот на маса, ги институционализираше отворените прашања и испрати порака дека проблемите не се решаваат со конфликт, туку преку дијалог и дебата. И дека, како што вели самиот договор, не постојат територијални решенија за етничките прашања“, рече премиерот Ковачевски на настанот.

„Денес, од оваа временска дистанца сакам да истакнам еден непобитен факт – а тоа е дека Охридскиот Рамковен договор го донесе мирот и постави цврста рамка за меѓуетнички односи, пред сè соживот, заштитувајќи го територијалниот интегритет и суверенитет. Сите заедно, со почит кон другиот, со взаемна грижа и посветеност да си помагаме едни на други, а така и да ја градиме нашата држава“, истакна премиерот Ковачевски.

При тоа, премиерот Ковачевски нагласи дека како држава, нашите стремежи за унапредување на правата на заедниците ги исполнивме преку создавање на Секретаријат за спроведување на Охридскиот рамковен договор, кој прерасна во Министерство за политички систем и односи меѓу заедниците. Премиерот, во своето обраќање го потенцираше значењето на Школата за млади лидери, која веќе втора година по ред ја организира Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците.

„Република Северна Македонија извлече поука од минатото. Извлековме поука дека предизвиците нѐ прават посилни и нѐ поттикнуваат да одиме напред бидејќи во заедништвото е силата. Предолго чекавме на нашата шанса да станеме дел од ЕУ за да можеме така лесно да ја испуштиме можноста за подобар и поквалитетен живот за сите нас. Свесен сум за предизвиците кои ни претстојат, но се надевам и на свесност и кај другите носители на процесите дека нашата држава заслужува подобро утре и тоа сега. Граѓаните од нас очекуваат да продолжиме храбро напред, сите заедно и сите како едно да ги оствариме нашите децениски заложби како граѓани на европска Република Северна Македонија“, заклучи на крајот премиерот Ковачевски во своето обраќање по повод 22-годишнината од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор.

Првиот Заменик на Претседателот на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, на настанот потенцираше декa eдна од најглавните точки на второто издание на „Peace Forum Dialogue“ e наставата и предавањето за вистинските вредности на политиките на соработка, европските и проамериканските политики, како загарантиран успех за подобра иднина.

Зошто да се третира Охридскиот договор? Во периодот од неговото потпишување до денес, имаме нова генерација која навистина веројатно не знае многу за овој договор, за државата пред неколку години и за достигнувањата кои се постигнати преку овој договор. Оваа генерација на 22-годишници, но уште повозрасни, треба да се информира за овој историски мирен процес.

„Peace Forum Dialogue“ како и „Peace Festival“ – ги пренесуваат соодветните вредности на демократијата, за да не се повторат грешките од минатото. Тие даваат пораки за мир и толеранција за подобра иднина“, подвлече првиот вицепремиер Груби, додавајќи дека преку овие активности на учесниците и граѓаните им се става до знаење дека како што нашата земја стана полноправна членка на НАТО, така и ќе чекори на патот кон ЕУ.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ