• Latest

Доделени наградите за најдобри стории на ангажирани теми

September 29, 2017

Врсничкото насилство во Северна Македонија: Симптом на подлабока општествена криза

July 3, 2026
Илустрација ВИ

Демократијата бара консензус во интерес на граѓаните, не изборен инженеринг

July 3, 2026
© Press Service Of The President Of Ukraine / YPV.2026 (преземена од Фејзбук профилот на украинскиот претседател Володимир Зеленски)

Најмалку 27 загинати во масовниот напад врз Кијив, ЕУ со нови санкции против Русија

July 3, 2026
Илустрација ВИ

Политичка битка за Изборниот законик: Електронското гласање за дијаспората ја продлабочува кризата околу изборните реформи

July 3, 2026

Сите засравме сѐ

July 2, 2026

Неподнослива леснотија на владеењето

July 2, 2026
Кијив, 2 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив преживеа уште една ноќ на руски терор: најмалку 13 загинати во масовен напад со ракети и дронови

July 2, 2026

Изборен инженеринг во најава: Како власта си го приватизира Изборниот законик

July 1, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Гласање по интернет како компензација

July 1, 2026

Граѓански форум: „Едно големо ништо“ – доминантен одговор за реконструираната влада на Мицкоски

July 1, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Доделени наградите за најдобри стории на ангажирани теми

September 29, 2017 17:09
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Серијалот од шест стории, посветен на скандалот со бебињата на Клиниката за гинекологија, чиј автор е новинарката Ирена Мулачка од неделникот „Фокус“, ја доби првата награда за најдобра новинарска сторија, на конкурсот што за најдобрите новинарски трудови од областа на општествено-социјалниот живот, го објави Советот за етика во медиумите во Македонија (СЕММ).

Наградите кои оваа година за првпат ги доделува СЕММ, се доделуваат со финансиска поддршка од Европската унија и УНЕСКО, во рамки на проектот „Градење доверба во медиумите во ЈИЕ и Турција“.

Прилогот за самохрана мајка со наслов „Семејна трагедија ја остави без парче леб Гордана Славковиќ“ објавен во емисијата „360 степени“ на ТВ Алсат, чиј автор е новинарот Никола Здравковиќ, ја доби втората награда, а третонаградени се сториите на новинарите – Мирјана Мирчевска-Јовановиќ, за серијалот прилози за малиот Иван и неговата баба, емитуван на ТВ Канал 5 и на Марјан Николовски за приказната со наслов „Можат ли верските заедници да ги тргнат сите бариери за непречена молитва“, објавен во емисијата „На иста страна“ на ТВ Сител.

Оценувачката комисија во состав Жанета Трајковска, Бардуљ Заими и Зоран Иванов, одлучи да додели и пофалници: на Зоран Јовановски за ТВ сторијата „Да прогледаат тие што треба да видат“ објавен во емисијата „360 степени“ на ТВ Алсат и Маја Раванска за прилогот „Македонскиот Стивен Хокинг задушен во стегите на неинклузивно општество“, објавен во списанието „Лице в лице“.

Според жири-комисијата, на годинешниот конкурс биле пријавени повеќе новинарски приказни, што адресираат теми од јавен интерес, кои ја разбранувале јавноста и поттикнале решенија за одредени општествени проблеми.

Новинарите со наградени стории порачаа дека институциите да ги решаат проблемите на граѓаните од ранливите категории, пред да бидат објавувани прилози, што иницираат нивна реакција.

Извршната директорка, Марина Тунева рече дека СЕММ се залага конкурсот да прерасне во традиционален, со цел да се поддржи професионалното и етичко новинарство.

 

Tags: ангажирани темибебињаГинекологијаетикаЕУЗоран ЈовановскиИрена Мулачкајавен интересМаја РаванскаМарјан НиколовскиМирјана Миречевска Јовановиќнаградинајдобри сторииНикола ЗдравковиќновинарствоСЕММУНЕСКО
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ