Во Собранието на Република Македонија, денеска напладне ќе биде врачена државната награда „11 Октомври“ за 2017 година, која за првпат се додели во 1959 година.
Годинешните добитници на наградата за животно дело се музичкиот уметник Влатко Стефановски, од областа на културата и уметноста, и историчарот, проф. д-р Амет Шериф, од областа на науката и образованието.
Наградата „11 Октомври“ е највисоко признание за животно дело во областа на науката, уметноста, стопанството и другите дејности од јавен интерес на државата. Инаку, Стефановски е еден од изведувачите на химната на ВМРО-ДПМНЕ, „Избери дела“, во 2014 година.
Одборот кој ја донел одлуката за доделување на наградата е составен од претседател и 12 члена.