• Latest

Должината на животниот век е во голема мера поврзана со здравата животна средина

June 5, 2021

Лудачкиот одговор на Путин по отвореното писмо од Зеленски

June 5, 2026
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, 8 мај 2026 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

ДРАМАТИЧЕН ДИПЛОМАТСКИ ПОТЕГ: Зеленски упати ултиматум и мировна понуда до Путин

June 5, 2026

На кои листи ќе нѐ има?

June 4, 2026
Фото: Zakie Andiko Ramadhani / vecteezy.com

Кој ќе ја плати цената за истрагата „Мазут“: Осомничените една година под мерки, без утврден криминал

June 4, 2026

Вучиќ ќе отпатува на самитот во Тиват и покрај предупредувањата за висок безбедносен ризик

June 4, 2026
Фото: Wikimedia commons

Европскиот парламент бара забрзани реформи и политички консензус за продолжување на евроинтеграциите на Северна Македонија

June 4, 2026

Ревизија во Академијата за судии и обвинители: Незаконски исплати, спорни набавки и пропусти во испитниот систем

June 4, 2026
Реакции

РЕАКЦИИ: Кој ја држи Северна Македонија во ЕУ чекалната – граѓаните ја поделија вината меѓу Брисел, Софија и Владата

June 4, 2026

Дипломатски тензии меѓу Белград и Подгорица: Поради безбедносен ризик, БИА му препорача на Вучиќ да не патува во Црна Гора

June 4, 2026

Коридорот на „старо железо“

June 3, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ЦИТАТИ

Должината на животниот век е во голема мера поврзана со здравата животна средина

June 5, 2021 10:55
in ЗЕЛЕНИ, ТОП 5, ЦИТАТИ, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Share on FacebookShare on Twitter

Безбедната, чиста и одржива животна средина, биодиверзитетот и стабилниот екосистем, се неопходни за потполно практикување на човековите права. Секоја повреда на природата повеќе или помалку влијае врз животот на човекот и остварувањето на неговите права.

Правото на живот, правото на уживање на највисокиот можен стандард на здравје, погоден за живеење достоинствен живот, остварувањето на правата на образование, семејство, работа, … се директно или индиректно поврзани со здравата животна средина и заштитата од опасни материи и зрачења, како и со можноста за производство доволни количини здрава храна.

Должината на животниот век е во голема мера поврзана со здравата животна средина. Голем број заболувања кои влијаат на можноста човекот да живее исполнет живот (да се образува, да ја работи работата која што ја сака, да спортува, да се забавува, но и да основа семејство и да има потомство) се поврзани со нарушувањата на животната средина. Достапот до доволна и соодветна храна во голема мера е поврзан со животната средина.

Бидејќи само во рамките на безбедна, чиста, здрава и одржива животна средина може да се почитуваат, заштитат и остварат човековите права, од исклучително значење е воспоставувањето суштински стандарди и обезбедување ефективно спроведување на овие стандарди против јавни и приватни учесници кои со своите активности ја загрозуваат животната средина.

Загрозувањето на животната средина може да има посебно тешки последици за остварување на правата  на најранливите групи (деца, возрасни, луѓе со попреченост, жени, луѓе со хронични заболувања) или на правата на оние кои се изложени на посебен ризик од штетата нанесена на животната средина (земјоделци, рибари, градежни работници и сите оние изложени на драстичните временски последици од климатските промени).

Мирјана Најчевска

Право на здрава животна средина, објавено на 02.11.2020

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ