• Latest

Домашните инвестиции охрабруваат и ја движат економијата напред

May 19, 2018

Коалицијата на волните формира антиракетен штит; Северна Македонија примена во отсуство; прорускиот Радев го повлече членството на Бугарија

July 14, 2026
Премиерот Христијан Мицкоски, седница во Собранието за реконструкција на владата, 13 јули 2026 (фото извор: Влада)

Скандалозна реконструкција на Владата: Навредите на Стоиљковиќ – мрачен потсетник за состојбата на политичката култура и демократијата во земјата

July 14, 2026
Џелал Хоџиќ

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Сеќавањето на Сребреница е цивилизациска обврска – последната фаза од геноцидот е неговото негирање

July 14, 2026

Случај „Мазут“: На што се жали ЕСМ ако претходно „им симнувале капа“ на РКМ?

July 13, 2026
Андриј Сибига

Украина бара меѓународен механизам за враќање на цивилните заложници: Русија спроведува системска политика на киднапирање и тортура

July 13, 2026
РУСКА ДЕСТРУКЦИЈА: Мариупол, Украина (фото извор: Фејсбук страница - Mariupol Destruction and Victims)

Крвавиот објектив на Кремљ: Како преку престижна германска награда се пере рускиот геноцид во Мариупол

July 13, 2026

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026
Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Новата бугарска влада на РСМ

July 12, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Попрво би крварел во побуна отколку да гнијам во послушност

July 12, 2026
Кијив, 11 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив повторно под руски напад со балистички ракети и дронови: повредени 11 лица, меѓу нив и дете, Украина бара итно зајакнување на ПВО

July 11, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Домашните инвестиции охрабруваат и ја движат економијата напред

May 19, 2018 11:17
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Домашните инвестиции охрабруваат и ја движат економијата напред, оценил премиерот Зоран Заев, при вчерашната заедничка посета со вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев на компанијата „Подгорка“ во Струга.

Владината прес-служба денеска соопшти дека на средбата со раководството на компанијата, премиерот истакнал дека Владата останува партнер во создавањето на поволни услови за раст и развој на бизнис секторот.

– Охрабруваат ваквите решителни инвестициски чекори на домашна компанија којашто успеа со квалитетен проект да добие европски средства од ИПАРД програмата. Посебно радува што станува збор за домашна компанија којашто ќе отвори нови работни места и ќе донесе нова вредност во нашата економија. Ве охрабрувам и понатаму да влегувате во нови инвестиции, Владата и институциите се ваш партнер во создавањето поволни услови за раст и развој на вашите бизниси, истакнал Заев.

Компанијата, која се занимава со производство, обработка и пакување на месо, планира до крајот на 2019 година да изгради фабрика во која ќе бидат вработени 80 граѓани. Инвестицијата е вредна 5,5 милиони евра и е кофинансирана со средства од ИПАРД програмата.

Сопственикот Мевмед Џемајловски изразил благодарност до државните институции кои брзо и навремено помогнале во процесот на подготовка и комплетирање на потребната документација за аплицирање.

– Институциите ја препознаа и разбраа економската важност на нашата инвестиција. Објектот ќе биде изграден според стандардите за енергетска ефикасност, а производствениот процес во фабриката ќе се одвива според најмодерни европски стандарди. Нашата цел е да ги отвориме регионалните пазари и да извезуваме во соседните земји, рекол Џемајловски.

Вицепремиерот Анѓушев очекува и други домашни компании да изработуваат квалитетни проекти и да аплицираат за поддршка од ИПАРД фондовите. – Оваа домашна инвестиција нека мотивира и поттикне многу домашни инвеститори да ги следат ваквите храбри чекори. Целта е да се реализираат што е можно повеќе успешни домашни инвестиции. На компаниите им стојат на располагање и мерките од Планот за економски раст кој поддржува нови инвестиции и раст на конкурентноста, рекол Анѓушев. (МИА)

Tags: економијаЗоран ЗаевКочо Анѓушевпосета
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ