Пратениците во рамки на продолжението на денешната 106. собраниска седница ги изгласаа Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за Собранието на Република Македонија и Предлог на законот за амнестија, и двата по скратена постапка.
За Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за Собранието вкупно гласаа 81 пратеник, и ниту еден воздржан и против. Во гласањето со Бадентерово мнозинство „за“ гласаа 24 пратеници, ниту еден против и воздржан.
Предлог на законот за амнестија, по скратена постапка, пратениците го поддржаа со 76 гласа „за“, и еден „против“.
Со 84 гласа „за“, ниту еден против и воздржан пратениците го изгласаа Предлог на законот за дополнување на Законот за служба во Армијата на Република Северна Македонија, по скратена постапка.