Граѓанките и граѓаните на Општина Дојран рекоа НЕ за отворање рудници на територијата на општината.
Со излезност од 51,22% од регистрираните гласачи, односно 1.407 гласачи, одлуката на мнозинството од тие кои се изјаснија на денешниот референдум е да не се дозволи отворањето рудници во нивната општина. Од нив, 1.340 се изјасниле со НЕ, 18 ливчиња биле неважечки, а ЗА се изјасниле 49 гласачи.
За неколку минути, очекуваме да ги добиеме и резултатите и за првото референдумско прашање за рудникот Казандол.