• Latest

Досега 205.623 КОВИД-дијагностицирани, во регионот најавени нови рестрикции

November 7, 2021

30 років Конституції України: від Основного Закону до захисту демократичних цінностей

June 28, 2026

30 години од Уставот на Украина: од Основниот закон до заштитата на демократските вредности

June 28, 2026

Уф, како се чувствувам безбедно!

June 27, 2026

Отчет низ розови очила: Статистиката на Тошковски наспроти реалната (не)безбедност и партизацијата на МВР

June 27, 2026

Денот на знамето на Кримските Татари: Кек бајрак, симбол на достоинство, отпор и слобода

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026
Конференцијата за обнова на Украина, 26 јуни 2026

Украина и во војна се обновува: На конференцијата во Гдањск се очекуваат договори од над 10 милијарди евра, Русија продолжува со напади врз цивилни цели

June 25, 2026
Вилен Темерјанов и знамињата на Кримските Татари и Украина

Вилен Темерјанов: Знаме на достоинството, глас што рускиот окупатор не успеа да го замолчи

June 25, 2026

Извештај на ДЗР: Се бележи раст на приходите, но и сериозни слабости во управувањето на АД МЕПСО

June 25, 2026

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗДРАВСТВО КОВИД-19

Досега 205.623 КОВИД-дијагностицирани, во регионот најавени нови рестрикции

November 7, 2021 09:55
in ВЕСТИ, КОВИД-19
Share on FacebookShare on Twitter

Вкупно 7.217 активни случаи на КОВИД-19 има во државата, откако вчера беа регистрирани 601 нов случај на заболени. Поради зголемениот број новозаразени, во некои од државите во регионот веќе се најавени одредени рестрикции, а во Србија е пристигнат делта плус сојот, за кој се вели дека претставува многу позаразна форма на вирусот.

Согласно последниот извештај на Министерството за здравство, досега во земјата се направени 1.404.750 тестирања на КОВИД-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 205.623.

Оздравени се вкупно 190.570 пациенти, а починале 7.217 лица. Бројот на активни случаи изнесува 7.836.
Во текот на вчерашниот ден беа регистрирани 601 нов случај на КОВИД-19, од направени 4.501 тестирања. Оздравени се 304 пациенти, а починале 13 лица. Најмногу новозаболени повторно има во Скопје, каде вчера беа регистрирани нови 217 случаи. Потоа следува Битола со 68, Велес 34, а  Кавадарци и Куманово по 31.
Во регионот се влошува состојбата со КОВИД-19. Словенечката Влада, во обид да го ограничи брзиот раст на епидемијата, усвои голем број нови рестриктивни мерки, но не се одлучи за заклучување, како што препорачаа некои експерти од здравството, чии капацитети за пациентите со КОВИД-19 се на работ на издржливост.

Новите мерки стапуваат на сила од понеделник, а меѓудругото опфаќаат скратување на работата на кафеаната и забрана за собирање луѓе кои не се членови на исто домаќинство.

Угостителските објекти во Словенија ќе можат да работат, при што нивното работно време ќе биде скратено и ќе трае од 5 до 22 часа, а гостите ќе смеат да служат само на маси и на соодветно растојание.

За секој посетител потребно е да се обезбедат најмалку 10 квадратни метри простор, во продавниците на влезот треба да се означи колку луѓе можат да бидат истовремено внатре, платнените маски повеќе не можат да се користат, туку мора да бидат хируршки или тип FFP2, соопшти владата по седницата, која траеше до доцна во ноќта.

И во Грција стапија во сила новите мерки. КОВИД документот, односно сертификат за вакцинираните, потврда за прележаните и негативен рапид тест за невакцинираните, заедно со документ за лична идентификација, станува задолжителен за влез во речиси сите затворени простори во Грција, со исклучок на маркетите и продавниците за храна, аптеките, бензинските пумпи и црквите.

Конкретните мерки за задолжителен Ковид документ важат за полнолетните граѓани, а децата од 4 до 17 години може да покажат изјава за направен селф тест, односно негативен резултат од тестот за домашна употреба.

Сите невакцинирани вработени во јавниот и приватниот сектор задолжително, без разлика на нивната работна позиција, како и на вработените во религиозните објекти задолжително ќе треба да се тестираат со ПЦИ или рапид тест два пати седмично, наместо еднаш како што беше досега.

Маската и понатаму е задолжителна во затворените простори, но и на отворено доколку постои гужва.

Како и досега, така и сега, сите мерки во Грција што важат за Грците, важат и за туристите.

Инаку, во Србија најверојатно е пристигнат делта плус сојот.

Командантот на воената болница на Карабурма во Белград, Иво Удовичиќ изјави дека делта плус сојот на корона вирусот најверојатно е пристигнат во Србија.

-Во прашање е многу позаразна форма, имаме причина за голема загриженост, бидејќи делта плус сојот мутирал, во делот каде што влегува во клетките, тоа е многу позаразна форма на вирусот. Тоа ќе предизвика поголем број заболени на дневна основа. Тој веројатно е пристигнат во Србија, изјави Удовичиќ.

Во моментов во Србија во црвените зони се лекуваат над 6.700 пациенти, во најлоша состојба – на респиратор се 270 и помлади и постари лица.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ