• Latest

Довчерашните партнери во власта, СДСМ и ДУИ со меѓусебни обвинувања

January 10, 2025
„Марш за ангелите“, Скопје 15 ноември 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Маршот за ангелите го разбуди Скопје – „Правда сега, без одлагање“

November 15, 2025

СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ НА ЦИВИЛ ( дел 1): Стратешка слика и начинот на функционирање на екосистемот – актери и канали

November 15, 2025
Фото: Твитер

Започнува масовното производство на украинските беспилотни летала-пресретнувачи „Октопус“

November 15, 2025
Фотоколаж: Скриншот од time.mk и видео на baku.tv

Репетитивното објавување на изјавите на Песков – императив на некои македонски медиуми

November 15, 2025
Last Crude Oil Tanker at Shell Haven - geograph.org.uk - 605835.jpg Фото: wikimеdia commons

Ројтерс: Иран потврди дека е запленет танкер со петрохемиски товар

November 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американската војска планира поделена Газа со „зелена зона“ обезбедена од меѓународни и израелски трупи

November 15, 2025

Град Скопје воведува нов режим за изнесување отпад: ноќна забрана и казни до 50 евра

November 15, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски. Фронтлајн

„Марш за ангелите“ денеска во 12:05 во Скопје

November 15, 2025
Креирано со помош на ВИ

Судството под меѓународна лупа – меѓу критики и политичка одбрана

November 15, 2025

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ

Довчерашните партнери во власта, СДСМ и ДУИ со меѓусебни обвинувања

January 10, 2025 13:53
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Довчерашните партнери во власта, СДСМ и ДУИ последниве денови ги вжештија меѓусебните обвинувања за тоа кој предизвикува етничките тензиии, и кој се обидува да созададе „албанофија“ во земјава.

Во соопштение до јавноста, ДУИ обвинува дека СДСМ избра да го искористи бранот албанофобија, по патот на ВМРО-ДПМНЕ како политичка стратегија, ставајќи ги Албанците како егзистенцијална закана за Македонците.

Од друга страна СДСМ, го обвини лидерот на ДУИ, Али Ахмети, за поттикнување на етнички тензији, истакнувајќи дека тој треба конечно да излезе од националистичкиот филм.

Во соопштение до јавноста  во кое ДУИ укажува на обидите на СДСМ за созадавање „албанофија“ во јавноста, се вели дека Македонците не ја мразат ДУИ затоа што имаше корупција – тие ја мразат затоа што ДУИ ги овластил Албанците и ги промени старите баланси на моќ и ги скрши етничките монополи, велат од ДУИ.

„Тие не ја гледаат ДУИ како криминален проблем, бидејќи самите македонски партии владеат со оваа држава 30 години, ограбувајќи ја и деградирајќи ја.Македонците денес се манипулирани да веруваат дека Албанците се нивна егзистенцијална закана, констатираат од ДУИ во соопштението и прашуваат: Но, кој ја засадува оваа идеја?

Денес, македонските партии, предводени од експоненти на ‘српскиот свет’ како Стоилковиќ, го всадуваат кај Македонците стравот дека Албанците им се непријатели, велат од ДУИ и додаваат дека во реалноста, Албанците никогаш не биле и не се егзистенцијална закана за Македонците. Вистинската закана за нив се оние што им ја негираат црквата, јазикот, идентитетот. Тие што сакаат Северна Македонија да остане слаба, изолирана и разединета, се истите што ја внесуваат оваа психологија на страв.

Од ДУИ сметаат дека албанофобијата не е спонтано чувство на Македонците – таа е политички проект, поттикнат и финансиран од странски интереси за Северна Македонија да остане заробена во конфликт и несигурност.

И за жал, македонските партии, наместо да го водат својот народ кон заедничка и сигурна иднина, ја користат оваа нарација за краткорочни политички профити, посочуваат од ДУИ во соопштението. Но времето на овие игри истекува. Албанците нема да дозволат да бидат жртвувани за пропаднатите политики на СДСМ, ДПМНЕ или за странски агенди кои работат против Македонија.

Оваа земја нема иднина изградена врз омраза и етнички поделби. Тие што денес сеат раздор, утре ќе останат сами во урнатините на нивната изгорена политика“, се додава во реакцијата на ДУИ.

Како одговор од СДСМ  посочуваат дека претседателот на ДУИ, Али Ахмети треба конечно да излезе од националистичкиот филм. Неговата реториката за постојаното подгревање на етнички тензии како алатка за политичко делување се неприфатливи и опасни за земјата. Таквите политики и филмови со воени униформи се несоодветни провокации за кои нема место во нашето мултиетничко општество.

За СДСМ се неприфатливи намерните етнички провокации на ДУИ кои прераснаа во единствена стратегија на партијата. ДУИ да не заборава дека Албанците во оваа држава сакаат мир, стабилност и добри меѓуетничкиу односи. Кога ДУИ го обвинува СДСМ за албанофобија да не заборава дека во Извршниот одбор на СДСМ има Албанци и значителен број на Албанци гласаат за нашата партија.

Од СДСМ укажуваат дека тоа е така заради тоа што тие се единствената партија која вистински се залага за соживот и добри односи меѓу етничките заедници. СДСМ докажала и покажала дека е единствена партија која ги бранела правата на помалите етнички заедници помали заедници секогаш кога биле загрозени. СДСМ има фобија од националисти и популисти и на таквите секогаш ќе реагираме.

Со своето делување Ахмети и ДУИ му овозможуваат на ВМРО-ДПМНЕ да дополнително да ја подгрева меѓуетничката ситуација во земјата и политички да профитира. Индиректно, ДУИ е таа која со своето однесување креира албанофобија, велат од СДСМ.

Иако ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ јавно се осудуваат меѓу себе, нивната неформална соработка е повеќе од очигледна. Граѓаните видоа заеднички гласања во Собранието, а врв беше скандалозно пуштање на Артан Груби надвор од земјата, слободно преку границата, стои во соопштението.

И претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во во интервју за „Независен“ ја отфрли можноста за поврзување со ДУИ и ја нагласи потребата од политики кои обединуваат, а не, како што вели, кои делат.

СДСМ никогаш повеќе нема да дозволи да биде ставен во истата рамка или да биде подреден на било која партија, особено не на ДУИ. Коруптивната стигма која со години ја носи оваа партија е нешто од што јасно и недвосмислено се дистанцираме. Нивната реторика и постојаното подигање на етнички тензии како алатка за политичко делување е неприфатлива и опасна. Таквите политики немаат место во нашето мултиетничко општество, изјави Филипче во интервјуто за „Независен“.

Дополнително, од СДСМ најавија дека нема да ги поддржат и нема да гласаат за интерпелациите поднесени од ДУИ, затоа што, како што оценуваат, не се потребни нови поделби по етничка основа.

Драган Мишев

Tags: Али АхметиВенко ФилипчеДУИСДСМ
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ