• Latest
Војо Маневски

Доверба/недоверба

December 4, 2021
Кијив, 2 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив преживеа уште една ноќ на руски терор: најмалку 13 загинати во масовен напад со ракети и дронови

July 2, 2026

Изборен инженеринг во најава: Како власта си го приватизира Изборниот законик

July 1, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Гласање по интернет како компензација

July 1, 2026

Граѓански форум: „Едно големо ништо“ – доминантен одговор за реконструираната влада на Мицкоски

July 1, 2026

Реконструкција без реформски потенцијал: Нова шминка на старото лице на власта, државата останува блокирана

July 1, 2026

Мицкоски ја реконструира Владата: Промени во ресорите и проширување на коалицијата

July 1, 2026

Разурнувачкото „наследство“ на РФ

June 30, 2026
Илустрација ВИ

Изборниот законик во заложништво на партиските пресметки – изборните реформи заглавени меѓу блокади и обвинувања

June 30, 2026

Мицкоски има потреба од внимание и нежност, поддршка

June 30, 2026

Владина реконструкција: Пазарење со фотелји и партиски рокади на сметка на реформите

June 30, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Доверба/недоверба

Од страв за она што го носи утрешниот ден, престанавме да веруваме во другите, а изгледа на крајот и во себе си. И судиите и професорите и политичарите се некој што пораснал и живее меѓу нас и со нас. Во Беровско велат: „тоа бачило такво сирење дава“.

December 4, 2021 13:52
in ОПШТЕСТВО, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Војо Маневски

Војо Маневски

Share on FacebookShare on Twitter

ВОЈО МАНЕВСКИ

Неколкуте последни денови сме сведоци на низа дебати и анализи за состојбата на вербата и довербата на граѓаните, според истражување што е спроведено во последните месеци. Во скоро секоја од категориите се покажува дека граѓаните немаат доверба во институциите на системот и како што изгледа не веруваат во ништо во степен од над половина од испитаниците.

Прво што ми паѓа напамет е дека ниту испитувањата не ми се сигурни. Еден логичен след на работите според мене е ваков. Ако не веруваат во скоро ништо, зошто би верувале на некој што им поставува прашања, а во име на некакво испитување на нивното мислење. Ако се такви граѓаните кои ги даваат одговорите, зошто тогаш и испитувачите веруваат во точноста на одговорите. Збркан изгледа мојов логичен след како и состојбата со верувањето на моите сограѓани.

Прво што во анализите е најочигледно „на политичарите не им веруват околу 80% од граѓаните“. А само пред еден месец имавме избори и нешто под милион од македонските граѓани излегоа да гласаат за политичарите. Епа почитувани сограѓани, како тоа гласаме за некој на кого не му веруваме? Политиката не е лото, па да се надеваме дека можеби овој пат ќе имаме среќа.

Кои се тие за кои велиме дека не им веруваме? Истите се тие што ги среќаваме на улица, на пазар и на било кое друго место каде го трошиме сопствениот живот и верба. Ако се „наши“ тогаш знаеме сѐ за нивниот карактер и потесна и поширока околина. Епа како тоа, како соседи и познаници им веруваме, а кога ќе станат наши репрезенти — не им веруваме. Или вистината е на друго место, и тогаш не им верувавме ама се надевавме дека некоја ситна или покрупна услуга ќе ни завршат.Во секој случај не сакаме однапред да ја загубиме таквата шанса. Тие биле расипани а ние не.

И што е интересно, недовербата ја градиме веднаш ако некое наше очекување не ни се оствари. Тие и да сакаат да бидат и понатаму некој кој е дел од нашето досегашно секојдневие, не можат тоа да бидат. А сетете се зошто ги избравме — да бидат оние кои ги издвоивме како точка каде се спојуваат интересите на заедницата. Таа точка е заедничка и затоа  нашите преставници не се веќе истиот дел од нашиот досегашен живот. Едноставно, тоа е законитоста на движењето од посебното кон општото.

Немам намера да ги оправдувам политичарите од сите формати и општа употреба, само сакам и ние како граѓани да си ја превземеме одговорноста, посебно кога се работи за нашиот избор на преставници. Комотна е нашата позиција во кафена со мезе и обична тиквешка. Избравме и сега чекаме резултати. Како пополнување на тикет за спортска прогноза. Затоа и пцуеме како навивачи кога не се постигне очекуваниот гол.

Можеби и некој ни подметна мислење дека секогаш ни се потребни нови лица. Не ни рекоа дека ни требаат само нови лица, без потврда за нивната успешност, знаење и постигнати резултати. Важно е да не се извалкани со корупција и злоупотреби, ама важно е како и што ќе работат и најважно знаат ли тоа да го работат. Ако според истражувањето најголем број се такви, тогаш зошто имаме дилема кого ќе го избереме. Да бираме меѓу помалку лошите кандидати, а не да бараме најдобри. Знам дека ова изгледа како дилемата дали чашата е половина полна или половина празна, но и состојбата според истражувањата е не дилема, туку трилема.

За верувањата во светските заговори како кројачи на судбината на малите и сиромашни народи, тоа не е нешто ново, ниту нешто чудно. Полесно е да се префрла одговорноста на семоќните белосветски магови, отколку да се позамислиме како нашата улица да е почиста и како да ги решаваме проблемите кои ни се наметнуваат секојдневно. Имаме еден куп експерти кои ја проучуваат состојбата со духот на нашиот народ од историски, економски и секој друг аспект, ама не сум видел константа дека едноставно овој народ има такви карактеристики, кои тешко се менуваат, ама можат да се подобрат. Ај малку да се потсетиме.

Во Бога веруваат ли или тоа го сведуваат на палење свеќи во црквите или собиранки на славите не во чест на светецот, туку на полната софра.Оче наш е виша математика.Во социјализмот и самоуправувањето верувавме ли? Па ако верувавме, како тогаш се распадна толку лесно. Како заедничките плодови на трудот, дозволивме да станат сопственост на бескруполозните тајкуни. Па нели имавме авангарда на трудбениците како едниствена партија? Каде заминаа таа верба и тие идеали? Во виорот што го носи стравот– сонародници.

Од страв за она што го носи утрешниот ден, престанавме да веруваме во другите, а изгледа на крајот и во себе си. И судиите и професорите и политичарите се некој што пораснал и живее меѓу нас и со нас. Во Беровско велат „тоа бачило такво сирење дава“. Да не се преанализираме себе си и другите народи имаат слични карактеристики. Овие дилеми се од Балтикот до Мраморното море. Само различно ги пронаоѓаат излезите од состојбите.

Нашиот излез е во јакнењето на самодовербата дека сме достојни и способни за надминување на проблемите. Оставете ги дежурните патриоти што сметаат дека пеењето песни со револуционерна содржина е доволно за место во заедницата. Домаќинскиот свет се преиспитува секогаш и двапати мери, а еднаш сече. Секоја наредна можност за избор на наши преставници е доказ за нашата зрелост да ја понесеме одговорноста за светот во кој живееме. Како ќе си постелиме така ќе си легнеме. И нема некоја поголема филозофија во сето тоа.

Недовербата кон промените, како став е одлика на конзерватизмот на поединците и на заедницата во целост. Тоа не мора веднаш да е негативност, туку може и да е сериозност во изборот. Од некои работи не треба да се откажуваме заради секоја белосветска исфалена новост. Некогаш фаленото грозје е кисело. Сетете се за приватизацијата и замената на производната индустрија со услужни дејности. За услуги се потребни слуги, а за производство работници, техничари, инжинери. Луѓе со златна белезика како што вели нашиот народ.

Оваа колумна ја пишувам како израз на низата оценки за состојбата со верувањето и довербата на мојот народ. Не е важно дали се согласувам, само се прашувам дали постојаната критика на однесувањето на моите сограѓани не е исто така поттикнување на неговата недоверба кон сѐ и сешто. Можеби грешам, а можеби и јас во ништо не верувам, обичен член на оваа заедница сум. За крај, како илустрација на сето ова мое површно оценување на состојбите ќе ви опишам една случка на мојот пријател.

Поради потребата да гради гаража се осмелил тоа да го прави како дивоградба (како поинаку). Собрал соседи, пријатели, потребен материјал и пред почетокот, како палир на градба, прави распоред.

— Ти оди наполни вода во бурињата, ти донеси го цементот поблиску, вие тројцата на мешање бетон, а вие тројцата сте мајстори, гледајте што побргу да ја завршиме работата!

— А ти соседу земај велосипедот и веднаш оди пријави во инспекција, да не ја фрлам вината на целото соседство, па после да си ја растуриме соседската доверба и пријателство!

Ете толку знам за вербата и довербата. Можеби ова мое писание нема некоја вредност, но не може да наштети.

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ