• Latest

Дерала: Очекуваме институциите да работат за луѓето, а не обратно

February 15, 2018

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Во утринско обраќање во живо, Рама тврди дека е спречен напад со експлозивен дрон, најавува нови полициски интервенции и одбива оставка

October 18, 2026
Општина Брвеница

Брвеница избира градоначалник: Шест кандидати во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026

Цвет од мигдал

October 18, 2026
Patxi Beltzaitz, Berria, CC BY-SA 4.0, via Wikimedia Commons

Генерацијата на гневот: Младите ја тресат Европа, полицијата возврати со бруталност и грубо кршење на човековите права

October 18, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Истрага како сирење

October 18, 2026
Полициска бруталност, Албанија, октомври 2026

Полициска бруталност во Албанија: Млади демонстранти тепани и приведувани, ЕУ бара истрага, ЦИВИЛ со директна порака до Еди Рама

October 17, 2026
Харкив, 17 октомври 2026 (ДСНС)

Домови, трговски центри и електрани во пламен – рускиот терор врз цивилите во Украина за време на „енергетското примирје“

October 17, 2026

Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

October 17, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Дерала: Очекуваме институциите да работат за луѓето, а не обратно

February 15, 2018 18:33
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ – Центар за слобода, на промоцијата на публикацијата: „Слободни избори: Научени лекции“, која е резултат на мониторингот на локалните избори во 2017, ги претстави препораките, наодите и анализите на организацијата од долгорочниот мониторинг на политичките и изборните процеси во земјата. Тој истакна дека препораките веќе се доставени до Министерството за правда, на средбата со министерот Салији, што претходеше на денешниот настан. 

Во препораките на ЦИВИЛ, најголем простор е отстапен на предлозите и барањата кои се однесуваат на Државната изборна комисија. Освен препораките, публикацијата содржи и извештаи и анализи на изборниот процес, со акцент на изборните нерегуларности, но и ставови и мислења за можностите и предизвиците за ефикасно спроведување на реформите во изборниот систем, што всушност се дел и од препораките што денеска беа презентирани.

Дерала потенцираше дека, како на предвремените парламентарни избори во 2016, така и на локалните избори во 2017, нерегуларностите во голем дел се последица од неефикасноста и политизираноста на Државната изборна комисија, односно на изборната администрација.

„Сакам да потенцирам дека нашите препораки не очекуваме да бидат сфатени како критика или намера на организацијата да навреди или повреди некого. Напротив, се водиме од начелото дека препораките претставуваат добронамерни, конструктивни и разумни критики кои треба да бидат послушани. Цврсто веруваме дека го претставуваме гласот на голем број граѓанки и граѓани онака како што тие нам ни се адресираа и обратија во изминатите години… Институциите мора да работат за луѓето, а не обратно!“, изјави Дерала.

Став на ЦИВИЛ е дека членовите на Државната изборна комисија, не само што немаат право да бараат апанажа, туку мора да бидат земени на одговорност поради науспехот да спроведат квалитетен изборен процес, а уште повеќе поради злоупотребата на јавните пари.

Поминувајќи низ содржината на извештајот, освен на препораките до ДИК и надлежните институции за изборни процеси и на изборните нерегуларности, Дерала обрна внимание и на финансирањето на политичките партии и изборните кампањи, како и на анализите на дел од членовите на експертскиот борд на ЦИВИЛ, Хедер Роберсон и Сашо Орданоски.

„ЦИВИЛ -Центар за слобода ќе продолжи со своите актвности во доменот на изборниот процес. Тоа што сте присутни во голем број, значи дека, сепак, постои интерес изборниот процес да биде подобар, поквалитетен, послободен и позаконит. Тоа што ние го видовме во изминатите изборни процеси, со извесни подобрувања за овие локални избори, ни одалеку не е доволно за да имаме навистина слободни избори“, рече Дерала и, во име на ЦИВИЛ, побара од институциите да започнат со реформи час поскоро.

Биљана Јордановска

 

Tags: ДИКизвештајпромоцијаСлободни избориЦивилЏабир Дерала
Share28TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ