• Latest
(од архивата на ЦИВИЛ) Конференцијата Македонски перспективи: Како до Европа, јули 2018. Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ

Државниот врв, институции, политички партии, невладини и експерти ќе говорат на големата конференција на ЦИВИЛ за изборни реформи

September 24, 2019

Руската воена економија: Санкции, структурни пукнатини и цената на агресијата

November 1, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Револуционерен модел

November 1, 2026

Подготвеноста спасува животи: Практичен водич за кризни ситуации

November 1, 2026

Кочани, корупција и бесмисленост: Начин на живот на територија што посакува да биде држава

November 1, 2026

Аферата Алта банка: Парите, политиката и мрежата на моќ од Белград до Скопје и пошироко

October 31, 2026

Кога ќе се совпаднат изборите во Брвеница и цената на студентскиот оброк

October 31, 2026

Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

October 30, 2026
Амб. Лариса Дир

Украинската амбасадорка Лариса Дир за ЦИВИЛ МЕДИА: Рускиот агресор ги користи студот и темнината како оружје против Украинците

October 30, 2026

Севернокорејски хакери поврзани со рекордна кражба во вредност околу 6,36 милијарди долари од криптоберзата Binance

October 30, 2026
Илустрација ВИ

Власта во Србија меѓу рокот за конституирање и механизмите за одолговлекување на СНС

October 30, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ГРАЃАНСКА

Државниот врв, институции, политички партии, невладини и експерти ќе говорат на големата конференција на ЦИВИЛ за изборни реформи

Конференцијата ќе се одржи во Скопје, хотел Континентал (Кристална сала), на 25 септември со почеток во 12 часот. Од ЦИВИЛ нагласуваат дека на конференцијата се поканети лидерите на политичките партии без оглед на тоа дали се работи за голема или мала политичка партија, дали е застапена во сегашниот состав на Собранието или е вонпарламентарна. „За нас нема големи или мали, за нас сите се подеднакво важни“ – велат од ЦИВИЛ

September 24, 2019 16:45
in ВЕСТИ, ГРАЃАНСКА, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
(од архивата на ЦИВИЛ) Конференцијата Македонски перспективи: Како до Европа, јули 2018. Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ

(од архивата на ЦИВИЛ) Конференцијата Македонски перспективи: Како до Европа, јули 2018. Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ

Share on FacebookShare on Twitter

Точно 32 говорнички и говорници се потврдени на Конференцијата за изборни реформи: Перспективи на македонските избори, а бројот на пријави за присуство расте постојано, информираат од Тимот за комуникации на ЦИВИЛ. Конференцијата ќе ја отворат Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски и Амбасадорот на Сојузна Република Германија, Томас Герберих.

Во името на Владата, со оглед на тоа дека истовремено ќе учествува на заседанието на ОН, со видео порака ќе се обрати премиерот Зоран Заев. Рената Дескоска од СДСМ, Министерка за правда, ќе говори за реформските чекори во сферата на изборниот систем. По неа говорат Дамјан Манчевски од СДСМ, Министер за информатичко општество и администрација и Горан Милевски од ЛДП, Министер за локална самоуправа. Во името на повеќе политички партии, ќе говорат нивните лидери или високи претставнички и претставници, како што се Алијанса за Албанците, Алтернатива, Беса, ДОМ, НСДП, ПЦЕР, ГДУ, Демократи и други. Меѓу парламентарните партии од кои нема ни позитивен ни негативен одговор за учество се ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ.

„Сметаме дека е важно целокупната јавност да се вклучи во реформите на изборниот систем. Упатуваме јавен повик до ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ, ДПА и другите политички партии да одговорат на поканата, макар и негативно“ – Изјави Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ, кој ќе биде и модератор на настанот.

ЦИВИЛ покани релевантни експерти и претставници на граѓанското општество и меѓународната заедница. Меѓу говорниците се и Александар Кржаловски, МЦМС, Дарко Алексов, МОСТ, Александар Новакоски, експерт за изборни процеси, Катица Николовска од ДКСК, како и универзитетските професорки и професори Неда Малеска Сачмароска, Јасна Бачовска, Владо Бучковски, Мерсел Биљали и други. На Конференцијата ќе говори и Петар Богојески од новата политичка платформа Македонски концепт. За одбележување е и интересот на неколку градоначалници да учествуваат на Конференцијата, како и луѓе од неформални и формални граѓански иницијативи.

Конференцијата ќе се одржи во Скопје, хотел Континентал (Кристална сала), на 25 септември со почеток во 12 часот. Од ЦИВИЛ нагласуваат дека на конференцијата се поканети лидерите на политичките партии без оглед на тоа дали се работи за голема или мала политичка партија, дали е застапена во сегашниот состав на Собранието или е вонпарламентарна. „За нас нема големи или мали, за нас сите се подеднакво важни“ – велат од ЦИВИЛ.

На Конференцијата ќе се говори за потребата од реформи во изборниот систем во целост, а поконкретно ќе се отворат темите за Изборниот законик, изборниот модел, Избирачкиот список, политичкото финансирање и медиумите и изборите. Учесничките и учесниците на Конференцијата ќе се обидат да дадат одговори на прашањата дали, како и во кој временски рок се возможни реформи во изборниот систем.

Според Агендата, по отворањето и презентацијата, ќе говорат високите претставнички и претставници на политичките партии и на Владата, по што следи кратка пауза. Во продолжение на агендата се невладините организации, експертите, граѓанските иницијативи, а во последниот сегмент од агендата е обезбедено време и за дискусија од сите присутни учесници. Присуството е возможно преку пополнување апликација или врз основа на директна покана од ЦИВИЛ.

 

Share33TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ