Во присуство на Американскиот амбасадор во Македонија,Џес Бејли, претставници на општина Тетово, деловни партнери, членови и други гости денеска со скромна прослава беше одбележан јубилејот- 10 години од Американското катче во Тетово.
Резултатите со кои се пофалија домаќините не само што не се скромни туку напротив се импресивни. Располагаат со библиотека од 4.000 книги, досега имале 150.000 посетители, имаат 6.700 активни членови организирале преку 5.000 активности и редовно ги следат преку 10.000 пријатели преку социјалните мрежи.
Американското катче во Тетово активно и непосредно придонесува во развојот на соработката на САД и Македонија каде особено се застапени децата и младите, се пофалија домаќините.
Перо Наумовски