Министерствата за правда на Македонија и на Грција, со меѓународна помош, ја водат постапката за екстрадиција на поранешните припадници на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Горан Грујевски и Никола Бошкоски, од Грција во Македонија, соопшти денеска министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски на меѓународната конференција „Приватна јавна безбедност, соработка и партнерство“ што се одржува на Факултетот за безбедност во Скопје.
„Министерството за внатрешни работи имаше обврска да соработува со Министерството во Грција, сè до приведување на овие лица“, рече министерот Спасовски.
Според него, МВР и Обвинителството имаат многу податоци за логистичката поддршка на Грујевски и Бошкоски, но не се споделуваат со јавноста. Според некои македонски медиуми, повеќе од десет лица им помагале на Грујевски и Бошковски да избегаат од Македонија.
М. Т.