Со информацијата што излезе во јавноста дека ДПА влегува во Владата, а Алијансата за Албанците ја напушта, се рашири и веста дека Али Ахмети и Мендух Тачи имале средба.
ДУИ ја демантираше веста, со барање медиумите, што веќе ја објавиле, да ја повлечат. Од партијата сметаат дека најпрвин медиумите требале да побараат и нивен коментар пред да излезат со таква вест.
Дел од албанските медиуми излегоа со информации дека соработката меѓу ДУИ и ДПА се однесува на вториот круг од локалните избори за некои општините каде ќе има прегласување.