• Latest

Дујовски: Дезинформациите имаат моќ да ги менуваат дури и стратешките концепти на развој на безбедносниот или кој било друг сектор во општеството

January 25, 2024

Литванија, Летонија и Естонија подготвуваат планови за масовна евакуација

October 11, 2025

Прекин на огнот во Газа: ОН ќе испорачаат 170.000 тони помош, се очекува ослободување на 48 заложници до понеделник

October 11, 2025
Илустрација ВИ

Засилена изборна кампања за локалните избори недела дена пред изборниот молк

October 11, 2025

Oдбележување на Денот на народното востание

October 11, 2025
Фото: МИА

САД ќе воведат нови дополнителни царини од 100 проценти на увозот од Кина,

October 11, 2025
Фото: Скриншот од видео на Sky News Australia

Макрон повторно го назначи Лекорну за премиер на Франција

October 11, 2025
Фридрих Мерц (фото извор: Wikimedia)

Мерц му вети на Зеленски засилен притисок врз Москва и проширена одбранбена соработка

October 11, 2025

Стартува Системот за електронско регистрирање на влез и излез преку границите на Шенген зоната

October 11, 2025
Тенеси, експлозија. Фото: Скриншот од видео на Би-Би-Си

Неколку луѓе загинаа а најмалку 12 се водат за исчезнати при експлозија во воена фабрика во САД

October 10, 2025

Мачадо: Нобеловата награда за мир е огромно признание за борбата за сите Венецуелци

October 10, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФО ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Дујовски: Дезинформациите имаат моќ да ги менуваат дури и стратешките концепти на развој на безбедносниот или кој било друг сектор во општеството

January 25, 2024 15:25
in БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ИЗЈАВИ, ТОП 5, ХИБРИДНИ ОПЕРАЦИИ
Share on FacebookShare on Twitter

Најдобриот одговор на секоја лажна вест, или погрешна информација, е вистината, вели универзитетскиот професор Никола Дујовски, одговарајќи на прашањето кои се клучните елементи на борбата против дезинформациите, пропагандата и хибридните закани во Северна Македонија?, на панелот од серијата Ослободи го умот.

Дујовски вели дека е потребно да се изградат капацитети за соопштување на вистината на соодветен начин, како начин на спротивставување на заканите од дезинформациите.

„Треба да градиме капацитети за да ја соопштуваме вистината на соодветен начин, навремено, квалитетно. Само така, можеме да се спротивставиме на глобалните закани, ова не е закана само за Македонија, иако, ние ќе сакаме да дискутираме низ призмата на нашите институции, меѓутоа, факт е дека целиот свет се соочува со ова.

Не е веќе ни новина, повеќе од една деценија се соочуваме со производство на многу дезинформации, на многу сосема погрешни цели, со коишто луѓето што ги продуцираат, сакаат да остварат одредена корист. Често политичка, често економска, често безбедносна…

Меѓутоа, нашиот пат е извонредно јасен. Ние сме земја членка на НАТО, се градата капацитетите во различните министерства, најмногу, се разбира, во министерството за одбрана, министерството за внатрешни работи, и министерството за информатичко општество, кои треба да обезбедат сосема поинаков пристап на државниот одговор во однос на справувањето со дезинформациите.

Посебно кога тие задираат до овие чувствителни теми поврзани со основната безбедност во државата.“, порачува Дујовски.

Во однос на хибридните закани, професорот се осврна на изминатиот период кога училиштата беа нападнати со лажни закани за бомби.

„Ќе се навратам на периодот од октомври 2022 година до март 2023, кога бевме нападнати хибридно. Со дојавите за подметнати лажни бомби по училиштата, и од прилика четири – пет месеци траеше таканаречената борба со тој вид закана со која тогаш се соочивме.ж

Иако никогаш нема да дознаеме кој е конкретниот испраќач на сите тие закани, бидејќи тоа е извонредно тешко, освен неколку случаи за кои видовме дека се деца, дека некои луѓе погрешно ги перципираат комуникациските технологии… Факт е дека успеавме да најдеме начин, веројатно и први на Балканот, и нашето искуство го споделувавме и со другите.

Впрочем, кога видовме дека ние немаме доволен капацитет, ниту пак заканата е таква, да може да се проверуваат секој ден по четириесет –педесет, во еден ден во Скопје имаше 79 дојави за лажни бомби.

Министерството за внатрешни работи преку антитерористичките тимови можат тоа да го прават, ги променивме протоколите за постапување во такви ситуации, бидејќи констатиравме слабост во системот, како остаток од времето кога немаше интернет, кога ваквите алатки не беа достапни на секого, едноставно вакви вести не се продуцираа претходно.

Од 9 март 2023 година, до денес, на прсти може да се изброи колку пати се добиени дојави за лажни бомби. Основното беше да се заштитат капацитетите на мрежата, да се ограничи начинот на кој што ќе се комуницира во основните и средните училишта, односно, да се користат само официјалните адреси на министерството за образование и наука, и некои други класифицирани информации.“, посочи Дујовски.

Според професорот Дујовски, за да се заштити системот, институциите и комуникациите од дезинформации и хибридни напади, потребно е да се направи јавно приватно партнерство со експертите од приватниот сектор.

„Во која насока треба да оди одговорот на политиката, зборувам од безбедносен аспект. Извонредно е тешко да задржите професионалци во јавната администрација, во министерствата, во фондовите, со платата којашто е буџетска и секогаш ограничена , и во овие неколку години наназад значително пониска од платата во приватниот сектор, зборувам за професионалците од ИТ индустријата кои можат да помогнат да се заштитат првенствено мрежите, за да можеме потоа да градиме политики на заштита од погрешните информации, дезинформациите…

Ние имаме основен проблем со безбедноста на комуникациите. Тука не може само државата да биде единствениот фактор, мора да имаме отворена соработка со приватниот сектор, на некој начин решението би било јавно приватно партнерство, коешто институциите ќе сфатат, особено безбедносните институции, дека мора да се отворат.

Дека мора своите податоци да ги споделуваат на поинаков начин од досега, и едноставно, да разбереме дека ограничените ресурси на Македонија ќе не водат кон тоа да мора  да го бараме сите заеднички одговорот на овие многу сериозни и сложени прашања.“, порачува Дујовски.

Што се однесува до потребните институционални алатки за борба против дезинформациите, пропагандата и хибридните закани, Дујовски посочи дека би требало да се направи алатка, односно протокол сличен на тој со ЗНМ и МВР, преку кој новинарите веќе ги пријавуваат проблемите.

„Имаме подготвено бројни алатки, пред се на ниво на упатства, регулативи, протоколи и така натаму, коишто можат да им помогнат на професионалците во одредени професии да знаат како да постапат во ситуации кога се загрозени.

Ќе го спомнам протоколот за пријавување на насилство врз новинарите преку социјалните мрежи на интернет, особено на новинарките, заеднички со ЗНМ подготвивме еден таков протокол, и се воспостави пат во министерството за внатрешни работи, за секој што ќе има таков проблем, веднаш да има пат каде може да го пријави делото и притисокот што се врши врз него.

Овој пристап е добар да се прави за различни професии и за различни сфери, се додека не дојдеме до една целосно изградена слика на заштита на системот воопшто. Како општество, мора да соработуваме, особено со земјите во регионот, но и во Европската Унија, затоа што сакаме да ги споделуваме нивните практики, и да градиме објективни процедури, на кои субјективниот фактор нема да може многу да влијае.“

Стратешкиот пат на земјата е јасен, а тоа е интеграцијата во ЕУ, и не треба да се дозволи дезинформациите, како во случајот со Бугарија, да доведат до ситуација на менување на стратешки концепти, порача Дујовски.

„Ќе направам една паралела, бидејќи, покрај политичките теми, доминираат и темите од областа на безбедноста кога станува збор за дезинформации. Меѓутоа, доминираат и темите на стратешкиот пат на државата. Еве на социјалните медиуми, имаме извонредна комуникација со странските, меѓународните организации и фактори.

САД, ЕУ, бројните амбасади со седиште во Скопје, со кои работиме многу заеднички проекти. И кога некои амбасадори ќе го користат на пример македонскиот јазик, за да го честитаат празникот на државата, тоа поминува незабележано. Од друга страна, руската амбасада ќе издаде едно соопштение, и тие доминираат со просторот тој ден, а можеби и многу подолго од еден ден.

Во однос на интеграциите на нашата земја, овде се судираат дезинформациите, тоа е основата, нашиот стратешки пат, членството во НАТО е завршена работа, нема назад, меѓутоа, во однос на нашиот прогрес кон ЕУ, токму овие дезинформации, сериозно влијаеа на односот на Бугарија кон Македонија. И, политичкиот притисок што се вршеше врз тогашното раководство во Софија, не доведе во ситуација ние се уште да немаме почеток на преговори, иако тој проблем воопшто не беше присутен претходно.

Ете, толкаво е влијанието на дезинформациите. Ете толкава е нивната моќ, да ги менуваат дури и стратешките концепти на развој на безбедносниот или кој било друг сектор во општеството.

Веројатно треба да се посветиме во наредниот период, колку што е можно повеќе, да промовираме вредности кон кои оваа држава се стреми, порача меѓу другото професорот Дујовски.

Дијана Тахири

Камера, монтажа и фотографија: Ариан Мехмети

Панелот е дел од проектот „Ослободи го умот“, кој ЦИВИЛ го спроведува во соработка со Амбасадата на САД.


Овој проект е поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците или препораките изнесени овде се на имплементаторите/ авторите, и не ги одразуваат оние на Владата на САД.
Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ

    Андонов: Имаме многу необразовани членови во политичките партии, дел од тие стануваат и функционери

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Украински дронови го погодија најголемиот нафтен терминал во окупираниот Крим, предизвикувајќи огромен пожар

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Грузиската полиција се судри со демонстранти кои се обидоа да влезат во претседателската палата во Тбилиси

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    154 shares
    Share 62 Tweet 39
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ