• Latest

Дујовски: Како држава мора со партнерите да градиме соодветни политики, на лажните вести можете да одговорите само со вистина

April 22, 2022

Според меѓународните набљудувачи, локалните избори беа засенети од правни недостатоци, ограничени институционални капацитети и висока политичка поларизација

October 21, 2025
фото: Џ.Д. / ЦИВИЛ

Владата наложи вонредна инспекција во Град Скопје и ЈП „Комунална хигиена“ поради кризата со отпадот

October 21, 2025

Европскиот парламент со резолуција за Србија: Растечка репресија, кинеско влијание и најголеми демонстрации во последните децении

October 21, 2025

Македонски туристи во Кина принудени да го тргнат македонското државно знаме

October 21, 2025
Скриншот од видео на FRANCE 24 English

Саркози започна со отслужување на петгодишната затворска казна

October 21, 2025
Фото: ВИ

Прекршување на изборниот молк, лажни вести и говор на омраза

October 21, 2025
Скриншот од видео на The Hill

(ВИДЕО) Трамп до австралискиот амбасадор: И јас не те сакам и веројатно никогаш нема да те сакам

October 21, 2025
Моментот кога Санае Такаичи ќе победи на Долниот дом на Јапонија. Фото: Скриншот од видео на ВВС

Санае Такаичи стана првата жена премиер на Јапонија

October 21, 2025
Фото: Д. Мишев/ЦИВИЛ Медиа

Вајц се надева дека по локалните избори ќе се направат потребните уставни измени за внесување на Бугарите во Уставот

October 21, 2025

Разобличување на „буразерската“ финансиска коалиција: Алта банка и „посвоената“ Стопанска банка – Битола во обид да го избегнат европскиот финансиски радар

October 21, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИЗЈАВИ

Дујовски: Како држава мора со партнерите да градиме соодветни политики, на лажните вести можете да одговорите само со вистина

April 22, 2022 14:53
in ВЕСТИ, ИЗЈАВИ, ПРОПАГАНДА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Универзитетскиот професор Никола Дујовски, на панелот на ЦИВИЛ„Дезинформациите и пропагандата во медиумите: Влијание на проруските наративи врз евроатлантската ориентација на Северна Македонија“, говори за руската пропаганда и влијанието во земјава и регионот.

Од безбедносен аспект, станува збор за навистина сериозен проблем и голем предизвик за нашата држава којашто по членството во НАТО има сериозна обврска да гради безбедносна политика која е соодветна и иста со другите земји членки во НАТО. Ова засилено влијание, или таканаречена хибридна војна во медиумите, со лажните вести, започна уште пред една деценија, кога почнаа сериозно да се ладат односите помеѓу НАТО и Русија. И откога договорот за партнерство помеѓу НАТО и Русија, стана јасно дека е нефункционален. Можеме проблемот да го согледуваме од домашен аспект, и само единствено за Македонија, но секако мораме да бидеме свесни дека ваквите прашања се и регионални прашања, и ниту една држава во регионот, не само тие кои не се членки на НАТО или Европската Унија, туку и земјите членки, се под сериозно влијание на руската погрешна пропаганда. Можеби и повеќе отколку во Македонија. Ќе направам една кратка ретроспектива за тоа што се случуваше во Црна Гора пред нивното полноправно членство во НАТО, на какви се лажни вести тие беа изложени. Голем дел од економските оператори кои работеа во Црна Гора се повлекоа, па дури и неколку дена пред референдумот за членство, се спречи и сериозен обид за напад врз власта во Црна Гора и беше спречен обид за атентат. Коешто потоа беше пренесено повеќе како лажна вест, отколку како вистина, меѓутоа, да, сериозно се влијаеше, вели Дујовски.

Во овој момент, најмногу изложени на руската пропаганда и лажните вести, е Бугарија, каде што дури и во владата имаат сериозен проблем во однос на поддршката на западниот свет, односно Украина во ситуацијата, и на Русија, односно на тоа што се случува таму, премиерот мораше да го разреши министерот за одбрана, меѓутоа, тоа не го реши проблемот. Таму населението како пресечено на половина 50-50 се за поддршка на „операцијата“ во Украина и се разбира за поддршка на демократскиот свет.

Кај нас состојбата е исто така прилично лоша, воопшто не треба да ги потценуваме иако се направија некои претходни проекти Р2 Н2 на пример програмата што ја водеа, во само еден ден се продуцираат повеќе од осумдесет лажни вести коишто пред нашето членство во НАТО па и во првите две години од членството се присутни. Според мене, официјалните медиуми не се некој голем проблем затоа што, факт е дека девет до десет лажни вести се пласираат преку медиумите што се неформални, преку социјалните мрежи, најчесто Фејсбук, Твитер итн., но тие сериозно влијаат на мислењето на граѓаните. И ние како држава мора со партнерите да градиме соодветни политики, затоа што на лажните вести можете да одговорите само со вистина.

Д-р Дујовски во моментот кога учествуваше на панелот беше на пат од Сараево кон Скопје, преку Република Српска, и сподели како тоа изгледа во Србија.

Јас во моментов сум во Србија, се враќам од Сараево преку Република Српска,  и можам да ви кажам дека не само во медиумите, туку насекаде е забележливо, во делот на Република Српска, бидејќи тоа е во самото Сараево и потоа самата граница кон Република Србија, и во централна Србија, покрај патот се забележуваат многу уредени простори во коишто се заедно врзани српското и руското знаме. Посебен простор каде што пишува дека Русите и Србите се браќа и секогаш ќе останат браќа и така натаму. Тоа е една пропаганда што дефинитивно многу влијае кај луѓето.

Што се однесува до општата безбедност на Северна Македонија во контекст на војната во Украина и руската пропаганда, Дујовски вели дека таа не е нарушена.

Општата безбедност не е нарушена, но многу прашања кај нас се загрозени токму поради лажните вести што доаѓаат од руската Федерација, и за тоа не ви се потребни докази. Може да зборуваме дека таквите влијанија, најмалку имаат реперкусии врз безбедносниот сектор затоа што тука се направија сериозни реформи, ние веќе ги имплементираме повисоките стандарди на земја членка на НАТО, но останаа многу други сфери во општеството каде што руското влијание е големо.

Во однос на руската пропаганда и влијание во образовниот процес, Дујовски вели дека образовните програми во основните и средните училишта, како и на високото образование, не дозволуваат, односно не се мета на оваа пропаганда, но сепак посочува на индивидуални влијанија од одредени наставни кадри кои со „меко“ влијание се обидуваат да ја прикажат состојбата во Украина на таканаречен „руски“ начин.

Имаме парламентарна партија со двајца пратеници со отприлика 100 илјади гласачко тело на наредните избори, која што е отворено против членството во НАТО и отворено против интеграциите во ЕУ, и која држи тесни врски со Руската Федерација. Амбасадорот Баздникин оди во Собрание да се сретне со Апасиев од Левица. Нивното влијание во општеството е сериозно и тоа никој не смее да го потцени. Таа може да стане и втора парламентарна сила, и тоа не смееме да го потценуваме како општество. Јасно е дека со нивните идеи и ставови апсолутно ја држат руската страна, и се антизападни. За жал, властите во земјава не презедоа ништо да ја презентираат вистината, затоа граѓаните се толку подложни на лажни вести. Не се согласувам со Андоновиќ дека нема руско влијание, има, и те како има. Кај обичниот граѓанин, во внатрешноста на државата, па дури и во Скопје, тоа влијание е силно, посочува Дујовски.

Дијана Тахири

Камера: Дехран Муратов

Монтажа: Ариан Мехмети 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    179 shares
    Share 72 Tweet 45
  • Случајот со Тричковски повторно ја исфрли на површина селективноста на властите

    164 shares
    Share 66 Tweet 41
  • Моќната ракета Томахавк ги собори Садам и Гадафи, може да го собори и Путин

    123 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Ел Чека фрли „предизборна бомба“: Објавени снимки со компромитирачка содржина за кичевскиот градоначалник Фатмир Дехари

    118 shares
    Share 47 Tweet 30
  • Фотографии од Бранко Црвенковски со членови на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ ја вжештија политичката клима пред избори

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ