• Latest

Дуковска: Во Македонија е тешко и да се замисли социјална правда!

February 20, 2017

РЕАКЦИИ: Србија по студентската победа – надеж за промени или страв од повторување на старите грешки?

October 27, 2026

Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

October 27, 2026
Насер Селмани

Случајот Селмани пред Уставниот суд: Јавна расправа за слободата на изразување

October 27, 2026
Топлина за Украина

Топлина за Украина: Повик за помош на амбуланта во близина на фронтот

October 27, 2026

Горивата во Македонија пред нова ценовна одлука по турбуленциите на светските пазари

October 26, 2026

ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

October 26, 2026

Лула повторно претседател на Бразил, нов предизвик за Трамп во Латинска Америка

October 26, 2026

Бугарија оди во втор круг: Јотова во водство, Ѓуров ја бара поддршката за пресврт

October 26, 2026
Александар Вучиќ го призна поразот( Фото: Скриншот од видео на EuroNews Србија)

По поразот на Вучиќ: Реакции од регионот и Европа

October 26, 2026

ИЗБОРИ ВО СРБИЈА | КЛУЧНИ МОМЕНТИ: Постизборна дискусија на ЦИВИЛ – Вучиќ падна – што се случи и што следува? (ВИДЕО)

October 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Дуковска: Во Македонија е тешко и да се замисли социјална правда!

February 20, 2017 16:17
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

„Меѓународниот ден на социјалната правда, во Македонија не се одбележува! Тивко се споменува и се продолжува со борбата за преживување. Во земја во која граѓаните се дават во сиромаштија и невработеност и каде спомениците се повредни од човековиот живот, во нашата социјална држава која на најбогатите им дозволува да не го оданочуваат своето богатство, а најсиромашните, примателите на социјална помош од 2.500 денари, ги бетонира под прагот на сиромаштија, во држава во која сите се задушуваме од загадена животна средина…, тешко е воопшто да се помислува на правда“, вели во разговор за ЦИВИЛ Медиа, Билјана Дуковска, претседателка на Македонската платформа против сиромаштија (МППС), по повод 20-ти Февруари, Меѓународниот ден на социјалната правда.

Низ светот денеска се одбележува 20-ти Февруари, Меѓународниот ден на социјалната правда. Во Македонија, државата во која социјалната правда (како и правдата, воопшто, социјалната грижа за жителите и правната држава, впрочем) сé уште се цели на интерес, пред сé, на граѓанскиот сектор – громогласен молк. Државните институции како и обично, „не се оттука“, партиите во кусиот меѓуизборен период се презафатени со висока политика, а синдикатите – ним им е веројатно студено, за готвење грав на отворено, како што обично го одбележуваат 1 Мај…  Сиромашните, социјално исклучените, оние крајно маргинализираните и заборавени од државата…, се колнат во полните контејнери.

„Долго време се занимаваме со состојбите поврзани со сиромаштијата и во 2016 година работевме на документ за јавна политика во која констатиравме дека постојниот Закон за социјална заштита не врши превенција и не ги извлекува луѓето од сиромаштија и од социјална исклученост, туку, напротив, ги бетонира примателите на социјална парична помош, под прагот на сиромаштија и не им овозможува нивно активно учество во ниту една општествена сфера. За жал, сиромашните се само дел од 65-те проценти од вкупното население, кои не можат да се соочат со непредвидени трошоци, а она што го имаат како приход, им обезбедува единствено тековно преживување! Но, не и справување со ризик од типот на здравствени ризици, или какви било други“, потенцираше Дуковска во разговорот за ЦИВИЛ Медиа.

МППС изработи документ за јавни политики, со наслов: „Социјалната заштита во Република Македонија: Како до систем по мерка на секој граѓанин“, каде се вели: „За да излеземе од овој круг на неправда, ние предлагаме да се направи реформа во социјалната заштита во Република Македонија и да се воспостави систем по мерка на секој граѓанин. Сметаме дека тоа може да се случи само преку комбинација од измени на Законот за социјална заштита, воведување адекватен минимален приход, зголемување на социјалната превенција и поддршка, градење инклузивен пазар на труд и спроведување на праведна даночна политика“.

Марија Теговска

Tags: Билјана ДуковскаМеѓународен ден на социјалната правдаМППСсиромаштијасоцијална правда
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ