Две лица се тешко повредени при експлозија во фабриката за оружје „Тара“ во црногорскиот град Мојковац.
Двајца пациенти со тешки изгореници се упатени во Општата болница во Бијело Поље, но според непотврдени информации тие треба со хеликоптер да се транспортираат во Клиничкиот центар во Подгорица.
Уште нема информации за причините за експлозијата.
Тоа не е прв инцидент во фабриката за оружје „Тара“. Една работничка загина, а седуммина беа повредени во експлозија што се случи во јули 2015 година.