Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги при мониторинг над изборното медиумско претставување за време на вториот круг од изборната кампања за локалните избори 2017 година, а во време на изборен молк констатираше две прекршувања.
Првиот програмски сервис на Македонското Радио, радио Скопје, во емисија за земјоделците се емитувале изјави од министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски.
Освен ова, во последните два дена од мониторингот на изборната кампања во вториот круг од изборите, констатирано е и прекршување на лимитите за платено политичко рекламирање кај ТВ Нова, која на 26 и на 27 октомври, емитувала повеќе од дозволените 8 минути за платено политичко рекламирање на реален час емитувана програма за политичките партии во опозиција.
Во рамки на законските рокови, Агенцијата ќе поднесе барања до надлежниот суд за покренување прекршочни постапки.
До крајот на неделата АВМУ ќе излезе и до финален извештај за начинот на известување на радиодифузерите во време на изборната кампања во вториот круг.
Б. Ј.