УТРИНСКИ КОЛУМНИ
Главното прашање, се разбира, е околу причините за значителното потфрлање на СДСМ во првиот изборен круг, бидејќи се испостави дека „на Мицкоски – сепак – може да му се верува“… Ребрендирањето на лидерот на опозицијата од конфликтна, во помирителна политичка фигура е со поголема брзина од онаа на забрзувањето на електричните автомобили на Илон Маск., читајте во новата колумна на Сашо Орданоски „ Инерцијата е опасна работа, кога кочниците откажуваат послушност”.
ВАЖНИ НАЈАВИ И АКТИВНОСТИ НА ЦИВИЛ
МОНИТОРИНГ на www.civilmedia.mk за да се информираат навремено за сите активности во кои има простор за нивно учество.
ПРОДУКЦИЈА Тимот на ЦИВИЛ и Редакцијата ЦИВИЛ МЕДИА ќе имаат голем број средби и интервјуа со кандидатките и кандидатите на локалните избори.
АНГАЖМАН ЦИВИЛ е отворен за соработка и за ангажирање на новинар(к)и и асистент(к)и на проекти – до крајот на декември. Потребно е да се испрати биографија и мотивациско писмо на [email protected].
ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2021
Прес-конференција на набљудувачката мисија на ОДИХР за локалните избори во Северна Македонија. .
НАСТАНИ
ПРОЕКТ: Презентација на проектот „Зголемување на употребата и достапноста на официјалните статистички податоци во Република Северна Македонија“ соработка помеѓу Државниот завод за статистика работи и Шведскиот завод за статистика, во хoтелот „Мериот“.
ТРИЛАТЕРАЛА: Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски ќе престојува во работна посета на Софија каде ќе го потпише трилатералниот меморандум меѓу Северна Македонија, Бугарија и Албанија за доизградба на железничкиот Коридор 8.
КОНФЕРЕНЦИЈА: Меѓународна видео конференција „Стратешки менаџмент со ризици и кризи – подготвеност за идни кризи” на која ќе се обрати деканот на Филозофскиот факултет, Ратко Дуев.
РЕФОРМИ: Европската комисија во Стразбур ќе ги презентира извештаите за напредокот на реформскиот процес во шесте земји од Западен Балкан, вклучително и Северна Македонија.
Дел од најавите во овој текст се од сервисот на МИА.
Д. Мишев