На денешната прес конференција, ЦИВИЛ имаше прашање кое го поставија и неколку други редакции. Медиумите се интересираа на што се должи слабиот одѕив на попишувачите и на кој начин би се извршил пописот доколку до 1 Април нема доволен број попишувачи?
„Третиот дополнителен повик за попишувачи е во тек. Задоволни сме до одѕивот во текот на вчерашниот ден и сигурни сме дека до сабота вечер ќе го имаме потребниот број на попишувачи. Уште на првиот повик ние го имавме потребниот број на попишувачи и реонски инструктори но овие дополнителни повици се заради рамноправна распределба на попишувачите по реони и нормално со почитување на правичната застапеност на сите етнички заедници и поради тоа што одреден број на пријавени кандидати на првиот и вториот конкурс не се појавија на тестирањето, па сега ја користам можноста да ги повикам, имаат можност сите кои не се појавиле на тестирањето сега ќе имаат можност сега да учествуваат на тестирањето. Сметаме и сигурни сме дека ќе го имаме потребниот број и со полн капацитет да ги почнеме пописните активности на први април“, изјавија од ДЗС.
Денешното издание на Дневникот на ЦИВИЛ можете да го прочитате тука.