• Latest
Фотомонтажа: РИБАРО

Единствена опција на Мицкоски е бескрајна блокада и предизвикување хаос

September 13, 2023

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
Foto: Wikimedia Commons

ОН: Само во октомври повеќе од 260 напади врз Палестинци во Западен Брег

November 14, 2025
Американските воздушни сили, USAF (Photo by Hans Dorries on Unsplash)

САД одобрија продажба на воени авиони и делови на Тајван во вредност од 330 милиони долари

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Х

Шест загинати во рускиот напад врз Кијив, Азербејџан упати силен протест до Москва откако руска ракета ја оштети и нивната амбасада

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Гардијан

Демонстранти го блокираа главниот влез на зградата каде се одржува КОП30

November 14, 2025

Марш на ангелите – 30-тиот протесен марш за правда во Скопје

November 14, 2025
Фото: Фејсбук  на Љубомир Костовски

Министерот што подигнува само рачна, говори за брзината на пругите!

November 14, 2025

Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

November 14, 2025

Анализа на Гардијан: Климатското финансирање оди во погрешни раце – Кина, Саудиска Арабија и ОАЕ меѓу најголемите добитници

November 14, 2025
Фотографија: Скриншот

Новиот исламофобичен говор на Додик – радикална реторика што потсетува на воените злосторници од 90-тите, алармираат аналитичари и ОБСЕ

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФО ПРОПАГАНДА

Единствена опција на Мицкоски е бескрајна блокада и предизвикување хаос

September 13, 2023 12:42
in ПОЛИТИКА, ПРОПАГАНДА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Фотомонтажа: РИБАРО

Фотомонтажа: РИБАРО

Share on FacebookShare on Twitter

ЏАБИР ДЕРАЛА

Шефот на ВМРО-ДПМНЕ се однесува крајно неразумно, исто колку што се неразумни наративите што ги создава партиската пропагандна кујна со години наназад. Сепак, пропагандата е толку интензивна, така што во јавноста се наметнува впечатокот дека земјата е во хаос, и дека институциите не функционираат и дека единствен спас за земјата е токму тој.

Уставните измени според кои во Уставот на Северна Македонија ќе бидат внесени и Бугарите како еден од 11-те народи наведени во Преамбулата, се услов за продолжување на процесот за интеграција во ЕУ. Овој процес е блокиран во Парламентот, а во јавноста, Мицкоски прави сè да го оцрни европскиот пат на Земјата.

Единствена опција на Мицкоски е бескрајна блокада и предизвикување хаос. Ако не му тргне од рака да предизвика хаос, тогаш тој се обидува сè да прикаже како хаос, црнила. Висока е веројатноста дека навистина верува во тоа што го кажува, барем делумно.

Што се однесува до капацитетот на Мицкоски, тој е ограничен на бескрајно негирање и уцени. Без план што потоа, тој ја турка земјата во бездната на неизвесноста. Нема идеја што ќе се случи ако ја преземе власта, нема ниту капацитет да ги води процесите. Тој нема знаења и вештини да ја зачлени земјата ниту во БРИКС, камоли нешто друго. Сепак, друго е прашањето, далеку позагрижувачко, за инсталациите што се околу него.

Околу врвот на вмро-дпмНЕ е инсталирана голема и скапа пропагандна машинерија, која со релативна леснотија ги дезавуира големите недостатоци на Мицкоски. Креаторите на пропагандните наративи секогаш спремно ги заменуваат неуспешните, со нови пораки, и тоа го прават со интензитет што е на завидно ниво. Во комбинација со структурите на кои има одговара блокада наместо прогрес и евроинтеграции, таа долготрајна операција бележи успех.

Еве еден пример за пропагандните наративи. Прво креиран називот „француски предлог“, а потоа и повеќепати омаловажена, искината и запалена европската преговарачката рамка за нашата земја. Блокадата и протестите се потпираат на пропагандната порака дека со преговарачката рамка ќе се уништи македонскиот идентитет и дека Македонците ќе се бугаризираат. Тоа тврдење, иако апсурдно, сепак, фати корен кај одреден број луѓе, но поголем дел од медиумите и јавноста брзо ја напуштија таа реторика.

Затоа, веднаш потоа се креира новата пропагандна порака „не прифаќаме бугарски диктат“. Колку и да е инфантилна и апсурдна, оваа пропагандна порака се одржува подолго време. Без оглед на тоа што во јавноста беа прикажани сите слабости на овој наратив, овој целосно неразумен став на Мицкоски и неговата партија опстанува. Поголем дел од медиумите во земјата, како и огромната војска партиски ботови упорно го промовираат ставот за „неприфаќање на бугарскиот диктат“. Земјата сè уште е блокирана и не може да го продолжи својот европски пат.

Исто така, се ѕвони на сите страни дека Мицкоски е способен да издејствува нова преговарачка рамка со ЕУ, иако од сите релевантни европски лидери и центри на моќта, вклучувајќи ги тука и САД, оваа наивна идеја е дисквалификувана како можност. Целосно.

За сето време, Мицкоски инсистира на предвремени избори, со изговор дека тој и неговата партија знаат што треба да се направи, но упорно не кажуваат што – бидејќи не знаат. Мицкоски, пак, го живее својот единствен сон – да биде премиер. Невозможно е да се оцени, освен можеби со длабока психоанализа, дали е свесен дека со предвремени избори нема да се постигне ништо или барем ништо добро за државата. Но тоа и онака никогаш не му била целта.

Паралелно со сите овие тврдења и ставови што се пласираат од партиските говорници и од телевизиските студија, сесрдно пренесувани од весниците и голем број интернет портали, се промовира – иако никогаш директно од Мицкоски – пропагандната порака дека постои алтернатива и дека иднината на земјата не е во Европска Унија, туку во БРИКС.

Националистичките наративи се константа во реториката на Мицкоски и сличните на него, а во текот на изминатата година, како што јакне европската поддршка за нашата земја, така и се засилуваат повиците за „покажување на Албанците каде им е местото“. Од „другата страна“ не изостануваат „соодветни“ одговори.

Инфантилно, неразумно и нелогично, а целосно деструктивно.


Текстот е личен став на Авторот. Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0.
Tags: БРИКСЕУидентитетМицкоскипропаганда
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    119 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ