пишува: ПЕТРИТ САРАЧИНИ
24.12.2013. Една година по 24 декември 2012, „Црниот понеделник“, кога пратениците на опозицијата и новинарите беа исфрлени со ќотек од Собранието.
Како што забележувате, една година потоа, малкумина беа оние што протестираа и го одбележаа овој ден. Многумина тогаш протестираа против опозицијата, „не се занимаваа со политика“, или во најдобра варијанта викаа во хор „сите се исти“.
За 15-20 луѓе на овој протест, тогаш режимот на Груевски извади стотици полицајци и специјалци. Сум забележал во тогашните јавни објави – се смеевме и ние, и тие.
Сега не е така. Не се сите исти. Шуќур, сега сите сакаат да се бават со политика и се гласни, не молчат.
Многумина дури и го бараат ова време, велат, тогаш било слобода, а сега е режим и диктатура.
Посакувам нивните желби да останат пусти и ова време да не се врати никогаш. Велиме – никогаш да не се повтори. За да биде така, треба да се потрудиме сите. Борбата продолжува!