Мојот пристап има трансформација на влијанието на Балканот и дополнително, значително влијание на напорите да се стави крај на војната во Украина. Ова се два различни нивоа на влијание.
Најголемото влијание ќе биде апсолутно најголема трансформација на регионот, што ќе има индиректно влијание врз војната во Украина, затоа што прави дополнителен притисок на Путин. Мојот пристап ја гледа Русија како губи, и Кина. Русија и Кина го губат нивнoто примарно влијание во регионот. Една статистика за Кина покажува дека 96 % од кинеските инвестиции на Балканот се, погодете каде, во Србија, истакна проф. д-р Едвард П. Џозеф, експерт за управување со конфликти, Универзитет Џонс Хопкинс (САД), на панелот Војната во Украина, хибридната војна во Европа и глобалната борба за демократија.
Проф. д-р Џозеф е меѓународно признат експерт за решавање конфликти со децениско теренско искуство низ целиот Балкан, Блискиот Исток и Источна Европа. На Универзитетот Џонс Хопкинс предава управување со конфликти и меѓународна безбедност. Тој е чест коментатор за Украина, трансатлантската безбедност и руската агресија, и служел на високи позиции во НАТО, ОН и меѓународни мисии.
М. Д.











































