• Latest

Ефектот на погледот

August 1, 2018

25 години климатски промени: Како планетата станува потопла, а животот во градовите сè потежок

October 14, 2026

Избори во Србија: Притисоци, инциденти и сомнежи за поткуп и “фантомски гласачи“

October 14, 2026
Кијив, 14 октомври 2026

Руски ракетен терор врз домовите и електраните: Четворица загинати во Кијив, стотици илјади без струја по руските напади

October 14, 2026
Зеленски - Трамп во Овалната соба, 28 јули 2026

Occupy Democrats: Зеленски го прозва Трамп поради стопирањето на предупредувањата за руските ракетни напади

October 14, 2026

Банките заработија над 1,1 милијарда евра за пет години: Кој и колку добива од рекордните профити?

October 14, 2026

Груби излезе од куќен притвор, пасошот останува одземен – судењето за „Лотарија“ продолжува

October 14, 2026

Четворица загинати во Харкив, балистички ракети врз Кијив – рускиот терор продолжува и по најавеното примирје

October 13, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Се снајде на туѓа сметка

October 13, 2026
Михаил Звинчук, аеродром Шереметјево, Москва, 11 октомври 2026

(ДОСИЕ @RYBAR) Звинчук се врати во Москва: „Рибар“ најавува продолжување на активностите на Балканот – се открива улогата на руските разузнавачки служби и „Ростех“

October 13, 2026
Ива Михаилова (фото извор: МРТ)

Случајот „Ива Михаилова“: Меѓу правото на лекување, бегството од правдата и политичкото профитерство

October 13, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Ефектот на погледот

August 1, 2018 11:10
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

Национализмот е агресивен, но и темен, тажен, студен, воздухот е рециклиран, мириса на мемла, како во бункерите и седиштата на сите пропагандистички машинерии кои секаде во светот на крајот станаа губитници.

пишува: Санта Аргирова

Зошто не е заборавен во некој музеј, а патриотизмот доволен да ја сочува нашата земја, не секоја посебно туку онаа „мала кревка сина точка на животот“ каква што ја гледаат астронаутите од вселената. Но, засега само тие и уште по некој кој не излегол од земјината орбита се свесни дека поделбите, конфликтите, национализмите се алатки, студени оружја. Свесноста дека климатските промени ја уништуваат нашата планета се уште не го зафатила моментот дека истите последици земјата ги трпи и од поделбите.

Токсичноста на национализмот, за жал, сѐ уште, и на нашите простори, се раствора во крвотокот на кревките демократии со оправдување дека е во некаква бенигна форма, умерен, омекнат. Односно така мислат некои политичарите и(ли) бизнисмени (внатрешни или надворешни) во политиката кои веројатно се сигурни дека го држат под контрола, со системот колку пари толку национализам. Како наизуст да го научиле цитатот на главниот одговорен за Втората светска војна, за хоророт на Холокаустот, за милионите убиени, Хитлер: „Само тој што ги поседува младите ја добива иднината“. И потоа како слики од негатив се редат банди тепачи, убијци, колони од млади луѓе. Исти или слични дејства, симболи, извици, слогани…Слободата, младоста и перспективата за час ги снемува…

Или, кога ќе прочитате ужас, говор на омраза, нешто за што не сте свесен дека некои луѓе го носат во себе и тоа го насочуваат кон јагленосани тела, жртви на пожар, но во друга држава само зашто овие носители на грозомората ја мразат таа држава…

Долг е патот. Не по македонскиот идентитет, тој е неприкосновен, туку по личниот, сопствен, индивидуален. Ако излегуваме од замките на патот кон иднината, во политичка смисла, треба многу силно да ги обесхрабриме оние кои од срцата на младите го истиснуваат патриотизмот и го заменуваат со национализам.

„Човековата состојба е онаа поради која се посакува зло на своите соседи заради големината на својата татковина. Граѓанинот на универзумот би бил човекот кој сака неговата земја никогаш да не биде поголема или помала, побогата или посиромашна”, рекол Волтер во „Филозофскиот речник“. И токму затоа да ги помислиме и поздравиме сите луѓе, сите семејства, во оваа наша преубава држава кои секогаш се пример дека има цел еден свет разлика меѓу патриотизмот и национализмот. Знам повеќе такви семејства, меѓу кои има и со различни етникуми, но не и размислувања и ставови кон својата држава. Тие се победниците бидејќи ја спознале разликата меѓу патриотизмот и национализмот. Научиле дека национализмот на Хитлер ја срамни со земја Германија, национализмите од СФР Југославија отворија многу гробови и ја променија иднината…

„Национализмот може да ги обедини луѓето, но мора да се забележи дека ги обединува луѓето против другите луѓе“ вели Џорџ Орвел во неговиот есеј “Забелешки за национализмот”. Затоа мавтајте со знамињата, но запомнете: „Нема доволно големо знаме да го покрие срамот од убивањето невини луѓе“, пишува Хауард Зин.

Патриотизмот не е агресивен, патриотот е горд на својата земја, ја сака и ѝ дава поддршка, го кажува своето мислење и дебатира за критиките, поттикнува пријателски односи со други држави за да и помогне на својата земја.

Конечно, направени се многу анализи за когнитивните промени кај некои астронаути кога ја гледаат земјата од вселената. Велат дека повеќе не се идентификуваат со одредена националност или култура, се гледаат себеси и сите граѓани на земјата, како еден народ, кои живеат на еден свет. Сите докази за поделба исчезнуваат. Ја опишуваат земјата како “мала, кревка топка на животот која виси во празнината, заштитена и негувана со тенка атмосфера”, како единствен дом по кој чезнеат во бескрајната тишина.

 


Фотографија во прилог на текстот: Роберт Атанасовски

Текстот е дел од проектот „Патриотизам ДА, национализам НЕ!“ што го спроведува ЦИВИЛ со поддршка од Цивика мобилитас. Содржината на овој текст е единствена одговорност на ЦИВИЛ и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Цивика мобилитас, Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) или организациите што ја спроведуваат.

 

Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста 

Преземање на содржините под различни услови од наведените не е дозволено, освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ. Повредата на авторските права е забранета со закон.

Tags: ВолтернационализамОрвелпатриотизамСанта АргироваЦивика МобилитасЦивил
Share75TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ