• Latest

Еко-активисти: Мора да ги промениме животните навики

March 20, 2020

Денот на знамето на Кримските Татари: Кек бајрак, симбол на достоинство, отпор и слобода

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026
Конференцијата за обнова на Украина, 26 јуни 2026

Украина и во војна се обновува: На конференцијата во Гдањск се очекуваат договори од над 10 милијарди евра, Русија продолжува со напади врз цивилни цели

June 25, 2026
Вилен Темерјанов и знамињата на Кримските Татари и Украина

Вилен Темерјанов: Знаме на достоинството, глас што рускиот окупатор не успеа да го замолчи

June 25, 2026

Извештај на ДЗР: Се бележи раст на приходите, но и сериозни слабости во управувањето на АД МЕПСО

June 25, 2026

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Нашминкан отчет за раскантан систем: Што навистина кријат бројките на министерката Јаневска?

June 25, 2026

Случајот Јанушев: Државната комисија за спречување на корупцијата го проширува предметот за генералниот секретар на Владата

June 25, 2026

Изгубените 10 години од Брегзит, генерациската цена и бавното враќање

June 24, 2026

Отчетот на министерката за образование меѓу бројките без суштина и реалноста

June 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНИ

Еко-активисти: Мора да ги промениме животните навики

March 20, 2020 13:16
in ВЕСТИ, ЗЕЛЕНИ, КОВИД-19
Share on FacebookShare on Twitter

Еко-активистите се децидни дека мерките за превенција за спречување на корона вирусот покажаа колку човековото однесување и неговите животни навики влијаат на животната средина. Карантинот, изолацијата, прекинатиот авионски сообраќај се дел од активностите што и дозволија на Земјата „да здивне“.

Според последните податоци од соопштението на Европската агенција за истражување на вселената (ЕСА) забележан е значителен пад на емисија на азот-диоксид, штетен гас кој го емитуваат фабрики, автомобили и електрани ширум северот на Италија. Слично намалување на загадувањето беше евидентирано и во Кина, откако владата таму воведе широк карантин за да го спречи ширењето на ковид-19.

„Со намалување на човековата активност, се намалува и нашиот импакт врз средината. Мислам дека кога ќе помине оваа криза, мора да го реевалуираме нашиот баланс со природата и како понатаму ќе постапуваме за да го оддржуваме“ – вели Горјан Јовановски од „Мој Воздух“.

Елена Николовска од „Еко Свест“ како и Јовановски, верува дека ограничувањето на активностите предизвикуваат драматично намалување на емисиите на стакленички гасови во светот.

„Можеме многу да научиме и да се свртиме кон начин на живот кој нема да и штети на животната средина, бидејќи токму во услови кога движењето ни е ограничено ние стануваме зависни од здравјето на животната средина и локално произведена храна. Сите научни докази укажуваат дека забрзан, масовен и неодржлив развој ќе доведе до зголемување на болести кои ќе го напаѓаат човекот“ додава Николовска.

Невена Георгиевска од О2 иницијативата, ги дели размислувањата со Николовска и Јовановски. Верува дека воведувањето на строгите мерки за движење, карантин, престанок на работа на многу индустриски капацитети, намалувањето на сообраќајот, а особено авионскиот, придонесоа до очигледно намалување на загадувањето.

„Тоа не значи дека вирусот е нешто добро туку едноставно дека после се ова на кое сме принудени сега, мораме да ја сфатиме суштината дека човекот мора да живее во хармонија со природата, и дека не треба да се однесуваме како се околу нас да постои само за задоволување на нашите потреби кои и не се секокогаш неопходни за нормален живот. Природата може да опстои без човекот, обратно не“ – уверува Георгиевска.

Еко-активистите се согласни дека прекумерното и непотребно купување освен што ќе го оптовари пазарот, ќе и наштети и на средината. Тие постојано апелираат да не се купува повеќе од потребното за две недели изолација.

„Со зголемување на побарувачката за производи се виновни за зголемен обем на работа на луѓето кои работат во маркетите, меѓутоа и зголемување на потребата за транспорт и амбалажи кои на крајот не се рециклираат и завршуваат во Дрисла. Знаеме дека намалување на отпадот е последно нешто на кое размислувате во моментов, меѓутоа обидете се барем да го одвојувате отпадот од храна од останатиот отпад“ посочува Елена Николовска.

Јовановски пазарувањето залихи го коментира како комплетно непотребно, но дека ги разбира граѓаните.

„Во вакви моменти, најбитно е да ги слушаме препораките на СЗО и надлежните, и да постапуваме совесно и дисциплинирано. Запомнете, има многу фамилии кои нема да може да дојдат до продукти ако вие нагло купувате и собирате производи, бидејќи таков пораст не е предвиден во набавките кои течат нормално. Многу од тоа што ќе го набавите, ќе му помине рокот, и ќе треба да се фрли, наместо да е искористено од семејство кое има потреба од тоа. Бидете спокојни, но и разумни“ порачува тој.

извор: МЕТА

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ