На иницијатива на премиерите на Северна Македонија и Албанија, Зоран Заев и Еди Рама и српскиот претседател Александар Вучиќ, денеска во Скопје се одржува „Економски форум за регионална соработка“.
Форумот ќе започне во 10 часот со главниот панел под наслов „Поврзан Балкан“ со излагања на тројцата државници.
По него следи Економскиот панел на кој, учествуваат претседателите на стопанските комори на Северна Македонија и на Србија, Марко Чадеж и Бранко Азески и претседател на Стопанската комора на Северна Македонија и претседателката на Унијата на трговско-индустриски комори на Албанија, Инес Мучостепа.
По панелите следи сесија за дискусија на присутните, а на крајот од панел дискусиите ќе се одржи церемонија за потпишување на трилатерални договори меѓу трите земји.
Прес конференцијата за медиумите е предвидена во 12:30 часот.
Тимови од владите и стопанските комори на сите три земји работеа заедно во организирање на настанот.
Иницијативата на Заев, Рама и Вучиќ е отворена за сите земји од регионот на Западен Балкан.
Во пресрет на овој голем регионален настан, ЦИВИЛ МЕДИА објави опсежна анализа на напорите на поврзување на Балканот започнат со Берлинскиот процес под наслов „Мини Шенген: На прав колосек или во слепа улица?“ од Александар Николиќ Писарев.