• Latest

(ЕКСКЛУЗИВНО) Амбасадорката на Украина, Лариса Дир, за новите реалности на војната со старите цели на кремљовскиот режим – уништување на Украина: Мора да се дејствува веднаш, Планот за победа на претседателот Зеленски е јасен

November 9, 2024

Европска фасада, балканска кал: Илузиите за мултиетничко општество и национализмот, најпрофитабилни бизниси во заробената држава

June 21, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Самит

June 21, 2026

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026
ЈАС И ИТАЛИЈА НИКОГАШ НЕ МОЛИМЕ | Премиерката на Италија, Џорџ Мелони (фото извор: ФБ страница на премиерката Мелони)

Мелони му возврати на Трамп: Јас и Италија никогаш не молиме (ВИДЕО)

June 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонија и ЕУ: процес прекинат и заменет со маратон кон Недојдија

June 19, 2026
Прослава, 36 години ВМРО-ДПМНЕ, Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница)

Граѓански форум: Прославата на ВМРО-ДПМНЕ во коментарите се доживува како ароганција и раскош во време на сиромаштија

June 19, 2026

Амбасадорката Лариса Дир за ЦИВИЛ: Украина ја брани својата европска иднина и продолжува со реформите во услови на војна

June 19, 2026
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница на ВМРО-ДПМНЕ)

ВМРО-ДПМНЕ за пет минути „одговори“ колку чинела роденденската прослава

June 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КОНФЛИКТИ ВОЈНА ВО УКРАИНА

(ЕКСКЛУЗИВНО) Амбасадорката на Украина, Лариса Дир, за новите реалности на војната со старите цели на кремљовскиот режим – уништување на Украина: Мора да се дејствува веднаш, Планот за победа на претседателот Зеленски е јасен

November 9, 2024 06:03
in ВОЈНА ВО УКРАИНА, ИНТЕРВЈУ, СВЕТ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Амбасадорката на Украина, Лариса Дир, во ексклузивно интервју за ЦивилМедиа, говори за најновиот развој на ситуацијата, особено по приклучувањето на севернокорејската војска во редовите на рускиот агресор. Амбасадорката ги открива размерите на руско-корејската воена соработка, како што добива режимот на Северна Кореја како компензација за испраќањето војници во состав на руската агресорска армија.

Понатаму, во ова интервју, Амб. Дир зборува за тоа што сѐ може да значи овој развој на настаните и што е итно потребно да направи меѓународната заедница за да ја спречи руската наезда, а со тоа да се заштити и мирот и стабилноста на Западот. Еден од чекорите е Украина да стане членка на НАТО.

Украинската амбасадорка срдечно се заблагодари за поддршката што Северна Македонија ѝ ја дава на Украина од првиот дел на воената агресија со целосни размери. Таа изрази надеж дека наскоро ќе биде постигнат безбедносен договор меѓу Украина и Северна Македонија.

ЦИВИЛ МЕДИА: Северна Кореја влезе во отворена поддршка на рускиот агресор со жива воена сила. Кои се вистинските размери на военото партнерство меѓу овие две земји?

Амб. ЛАРИСА ДИР: Соработката помеѓу РФ и Северна Кореја прерасна во тесно воено „сојузништво“ – од снабдување на РФ со муниција, до користење на севернокорејските трупи во војната на РФ против Украина.

РФ веќе доби од Северна Кореја неколку милиони артилериска муниција, гранати и ракети.

Во текот на 2024 година, Северна Кореја спроведе тестирања на балистички ракети, како и на стратешката крстосувачка ракета „Пулхвасал-3-31“, што укажува на постојано модернизирање на нејзиниот арсенал.

Севернокорејски војници

ЦИВИЛ МЕДИА: Што добива Северна Кореја за возврат?

ДИР: Во замена за муницијата, Северна Кореја добива финансиска помош од РФ, прехранбени производи и валута. Прогнозата е дека амбициите на Северна Кореја се пошироки – со цел да обезбеди развој на вселенската и нуклеарната програма.

Користењето на севернокорејските трупи од РФ во војната против Украина, вклучувајќи и пешадиски и инженериски единици, ќе овозможи практично бојно искуство за севернокорејската армија, кое може да биде искористено на друго место во светот.

Исто така, РФ, користејќи ја ситуацијата на Корејскиот полуостров, ја снабдува Северна Кореја со технологии за модернизирање на нејзините воени капацитети, како подобрување на противвоздушната одбрана и ракетите „земја-воздух“.

Северна Кореја продолжува со ракетните тестирања.

ЦИВИЛ МЕДИА: Што претставува вклучувањето на севернокорејската армија во воените операции?

ДИР: Северна Кореја ја испраќа својата војска на територијата на РФ, во непосредна близина на украинската граница. Вклучувањето на Севернокорејските сили во војната против Украина е демонстрација на подготвеност на РФ за понатамошна ескалација.

Ова се новите реалности на војната со старите цели на кремљовскиот режим – уништување на Украина.

Тактиката на самоограничување на демократскиот свет во одговор на отворената агресија, со која, всушност, се разурна Повелбата на ОН и меѓународниот правен поредок, досега не придонесе за стабилизирање на безбедносната ситуација.

ЦИВИЛ МЕДИА: Што треба да преземе меѓународната заедница и институциите на меѓународниот поредок?

ДИР: Неопходно е да се дејствува веднаш. РФ се полни со оружје и гради сојузи со држави кои поддржуваат тоталитарни режими. Сепак, и покрај тоа, РФ е денес послаба од Западот, а земјите од Рамштајн имаат значително поголеми ресурси за да ја обезбедат победата на Украина и да ја запрат војната.

Планот за победа на претседателот Володимир Зеленски има многу јасни компоненти: членство на Украина во НАТО, незапирливо зајакнување на нејзината одбрана и мерки на одвраќање на украинска територија кои ќе го принудат рускиот агресор да постигне праведен мир.

Со капитулација и политика на попуштање, РФ не може да се запре.

Повеќе од 200 консултации во Минскиот и Нормандискиот формат во периодот 2014-2022 година не ја спречија РФ од сурово и сеопфатно инвазивно дејствување против Украина.

РФ мора да биде спречена.

ЦИВИЛ МЕДИА: Што ќе се случи ако Западот продолжи да се колеба?

ДИР: Цената на спречувањето и одбраната ќе продолжи да расте ако Украина нема солидарност, повеќе оружје и укинување на ограничувањата за нејзина употреба за уништување на руски воени објекти, кои овозможуваат бомбардирање со повеќетонски смртоносни бомби врз главите на Украинците.

ЦИВИЛ МЕДИА: Во што се состојат предлозите и барањата од Украина?

ДИР: Украина постојано нагласува дека членството во НАТО е единствената ефикасна безбедносна гаранција за прекин на руската агресија. Приемот на Украина во Алијансата, заедно со билатералните безбедносни договори до пристапувањето, и истовременото исполнување на другите точки од Планот за победа, ќе ја промени динамиката на военото поле и ќе ја принуди РФ на вистински мир.

Украина, исто така, се надева дека наскоро ќе постигне безбедносен договор со Република Северна Македонија, која од првиот ден на војната ја поддржува Украина. Многу ја цениме поддршката на Северна Македонија како членка на НАТО.

По оваа сурова војна, Украина ќе има искусен воен контингент. Овој украински искуствен придонес може да се искористи за зајакнување на одбраната на Алијансата и обезбедување на нејзината безбедност.

989 дена Украинците ја држат линијата на одбрана. 989 дена украинската армија ја штити Украина и Европа. Украина е актива за НАТО.

За покана на Украина е потребна само политичка волја од земјите-членки на Алијансата. Впрочем, тоа е политичка волја за постоење на европската безбедност.

Tags: Володимир ЗеленскиЛариса Дирплан за победаСеверна КорејаУкраина
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ