• Latest

(ЕКСКЛУЗИВНО) Лариса Дир: Ништо за Украина без Украина!

February 18, 2025

Специјален трибунал за кривичното дело агресија на РФ

April 16, 2026

РЕАКЦИИ: Поделена јавност – затвор или политички камбек за Груевски?

April 16, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Мицкоски како Алиса во земјата на чудата: Дали сме ние во Европа или во Африка?

April 16, 2026

Масовен руски напад врз цивилни цели во Украина: најмалку 16 цивилни жртви, над 100 повредени

April 16, 2026
Ерол Ризаов

Премиерот Мицкоски стана многу „чувствителен“

April 16, 2026

Македонската психолошка опседнатост со Албанците

April 15, 2026
Андриј Сибига

Украина реагира: Руски брод со украдено украинско жито во израелско пристаниште отвора алармантни прашања

April 15, 2026
Креирано со помош на ВИ

РЕАКЦИИ: Падот на Орбан без ефект врз Македонија – граѓаните меѓу иронија и критика за политичките импликации

April 15, 2026

УТРИНСКА ПОШТА: Енергетска неизвесност, блокада во Персискиот Залив и турбуленции во регионот

April 15, 2026

Новата анатомија на моќта: Географијата како судбина и стратегија во мултиполарниот свет

April 15, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ

    РЕАКЦИИ: Поделена јавност – затвор или политички камбек за Груевски?

    Масовен руски напад врз цивилни цели во Украина: најмалку 16 цивилни жртви, над 100 повредени

    Андриј Сибига

    Украина реагира: Руски брод со украдено украинско жито во израелско пристаниште отвора алармантни прашања

    Креирано со помош на ВИ

    РЕАКЦИИ: Падот на Орбан без ефект врз Македонија – граѓаните меѓу иронија и критика за политичките импликации

    УТРИНСКА ПОШТА: Енергетска неизвесност, блокада во Персискиот Залив и турбуленции во регионот

    Џабир Дерала, Аргумент плус, ТВ 24, со Билјана Секуловска - Ива, 14 април 2026 (скриншот)

    Дерала во ТВ24: Сценариото е познато, сцената поставена – Груевски, Мицкоски, Вучиќ, Орбан и ансамблот

    УТРИНСКА ПОШТА: Пресврт во Унгарија, пад на нафтата и дипломатски ќорсокак со Иран

    Европа воздивна со олеснување и му ја честита победата на Маѓар

    Европските демократи: Орбан ги загуби изборите – Трамп и Путин губат една марионета во Европската Унија

    (ВИДЕО) Унгарија го слави крајот на Орбан

  • ПОЛИТИКА
    • Категорија
    • ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ

    РЕАКЦИИ: Поделена јавност – затвор или политички камбек за Груевски?

    Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Мицкоски како Алиса во земјата на чудата: Дали сме ние во Европа или во Африка?

    Ерол Ризаов

    Премиерот Мицкоски стана многу „чувствителен“

    Македонската психолошка опседнатост со Албанците

    Креирано со помош на ВИ

    РЕАКЦИИ: Падот на Орбан без ефект врз Македонија – граѓаните меѓу иронија и критика за политичките импликации

    УТРИНСКА ПОШТА: Енергетска неизвесност, блокада во Персискиот Залив и турбуленции во регионот

    Кој со Орбан тикви садел…

    Орбан падна, Мицкоски молчи, ВМРО-ДПМНЕ во паника

    УТРИНСКА ПОШТА: Пресврт во Унгарија, пад на нафтата и дипломатски ќорсокак со Иран

  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
    • Категорија
    • ИСТОРИЈА

    Меѓународен ден на Ромите: Култура, идентитет и континуирана борба против дискриминацијата, сиромаштијата и системската неправда

    Јирген Хабермас (Фото: Европска комисија/Szabolcs Dudás)

    Замина Јирген Хабермас, гигантот на модерната филозофија

    Илустрација ВИ

    Иницијатива што поврзува жени од Македонија, Шведска и Германија нуди поддршка за семејни кризи, насилство, родителски предизвици и економска несигурност

    Фото: Ариан Мехмети

    Кризата е тешка, законот може да се менува – ама платите не: Здружение на јавни обвинители со порака до пратениците

    Фотомонтажа: Скриншот од видео

    Отворено писмо до претседателката: Ако ви дошло до смеење, дојдете со мене на онкологија

    Моето име, моите корени, мојата земја

    Корубин: Селективен и селектиран устав

    Фото: Државна лотарија на Македонија/ Фејсбук

    Државна Лотарија на Македонија – не, благодарам!

    Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Рајот е место каде ништо не се случува

    Демократијата не се брани сама од себе: Што нè научи 2025 година

  • СЛОБОДНА ЗОНА
    • Категорија
    • ES-PRESS-O
    • БЛИЦ
    • БРЗА ПОШТА
    • ДИПЛОМАТСКА ПРИЗМА
    • ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ
    • ЕДИТОРИЈАЛ
    • ПО ДОПРЕН ГЛАС
    • САТИРА
    • ТЕЖИШТЕ

    Специјален трибунал за кривичното дело агресија на РФ

    Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Мицкоски како Алиса во земјата на чудата: Дали сме ние во Европа или во Африка?

    Македонската психолошка опседнатост со Албанците

    Новата анатомија на моќта: Географијата како судбина и стратегија во мултиполарниот свет

    Кој со Орбан тикви садел…

    Креирано со помош на ВИ

    Орбан падна, Мицкоски молчи, ВМРО-ДПМНЕ во паника

    Петер Маѓар (ФБ)

    Маѓар победи. Вистинскиот тест за Унгарија започнува.

    Џелал Хоџиќ

    Унгарците го испратија Орбан во историјата – што со „орбановците“ на Балканот?

    Вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, 9 април 2026 (скриншот од „Само интервју“ на ТВ Канал 5)

    Што знае Николоски: Кога самоувереноста открива повеќе отколку што треба

    Secretary of War Pete Hegseth and Chairman of the Joint Chiefs of Staff U.S. Air Force Gen. Dan Caine conduct a press briefing on Operation Epic Fury at the Pentagon, Washington, D.C., March 31, 2026. (DoW photo by U.S. Navy Petty Officer 1st Class Alexander Kubitza)

    „Бог ја заслужува сета слава“ — Не, г. Хегсет. Не ја заслужува.

  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result

Home ФОРУМ ИНТЕРВЈУ

(ЕКСКЛУЗИВНО) Лариса Дир: Ништо за Украина без Украина!

February 18, 2025 16:52
in ВОЈНА ВО УКРАИНА, ИНТЕРВЈУ, СВЕТ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Во ексклузивно интервју за ЦивилМедиа, амбасадорката на Украина, Лариса Дир, зборува за најновите предизвици со кои се соочува нејзината земја, за клучната улога на меѓународната поддршка и за тоа како Украина продолжува да се спротивставува на руската агресија. Во овој разговор, амбасадорката Дир сподели ставови и информации за крајно алармантните руски закани за нуклеарната безбедност на Украина, но и на целиот свет, геополитичките контексти на руската воена агресија и отпорот на украинскиот народ.

ЦИВИЛ МЕДИА: Ова интервју го започнуваме со прашање поврзано со крајно вознемирувачките вести за рускиот напад на Чернобилската нуклеарна централа (ЧНЦ). Што се случува? Како е можно, од една страна, руската страна да тврди дека е спремна за преговори, а од друга страна да изврши ваков напад?

ЛАРИСА ДИР: Точно е, се работи за крајно вознемирувачки напад. На 14 февруари 2025 година, рускo беспилотно летало со експлозивна борбена глава удри во арката на новиот безбеден конфајнмент (НБК), кој беше изграден над разрушениот во 1986 година четврти енергетски блок на Чернобилската нуклеарна централа.

Овие дејствија на руската федерација доведоа до нагла ескалација на радиолошката опасност, која претставува сериозна закана не само за Украина, туку и за другите држави во светот.

Целосно намерниот напад на русија, кој резултираше со директен удар врз објектот на нуклеарната инфраструктура – заштитната обвивка на Арката НБК на Чернобилската нуклеарна централа – претставува невидена закана за нуклеарната безбедност на целиот свет. Овој напад уште еднаш ја потврдува целосната негрижа на русија за какви било норми на меѓународното право.

руската армија свесно лансира борбени дронови над ЧНЦ, постојано експериментира со висината на нивното летање и претставува директна нуклеарна закана за целиот свет. Фактот за нападот е документиран од страна на експертите на постојаната мониторинг мисија на МААЕ, кои се присутни на локацијата на ЧНЦ.

ЦИВИЛ МЕДИА: Како ќе ја оцените реакцијата од меѓународната заедница по уништувањето на заштитната конструкција на реакторот? Дали добивте некој официјален став од македонска страна?

ЛАРИСА ДИР: Генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, даде изјава во врска со рускиот напад врз ЧНЦ, во која, меѓу другото, истакна дека напад врз нуклеарен објект е апсолутно неприфатлив и дека такво нешто никогаш не смее да се случи.

Тој исто така забележа дека овој инцидент се случи во услови на зголемена воена активност во регионот на Запорижската нуклеарна централа.

Украина ја цени работата на МААЕ, која останува посветена на својата мисија и прави сè што е можно за да спречи нуклеарна катастрофа. Бидејќи нуклеарната безбедност останува под сериозна закана, важно е сите партнерски држави да дадат реакција на овој опасен инцидент. Очекуваме и македонската страна да ја изрази својата официјална позиција по ова прашање.

ЦИВИЛ МЕДИА: Мир преку сила е главната порака на делегацијата на Украина, предводена од Претседателот Зеленски, на Минхенската конференција за безбедност, каде што Украина беше централна тема. Можете ли накратко да го претставите ставот и пораките на Украина од овој важен меѓународен безбедносен форум?

ЛАРИСА ДИР: Да, темата за поддршката на Украина беше една од централните теми на овогодинешната Минхенска безбедносна конференција.

Како што знаете, украинската делегација беше предводена од Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, кој нагласи колку се важни безбедносните гаранции за Украина од САД и Европа, вклучително и разместувањето на воен контингент од земјите-партнери на територијата на нашата држава, со цел да се спречи можноста за повторна инвазија од страна на русија.

Министерот за надворешни работи на Украина, Андриј Сибига, за време на своето излагање на панел-дискусијата „Peace Through Strength: A Plan for Ukraine“ („Мир преку сила: План за Украина“), потенцираше дека силна Украина е клучот за обезбедување на регионална стабилност и воспоставување на сеопфатен, праведен и одржлив мир.

Во овој контекст, нашиот Министер ја истакна важноста на трансатлантското единство во однос на безбедносните гаранции за Украина, имплементацијата на принципот „мир преку сила“, силното лидерство на САД, зголемениот притисок врз русија, особено преку санкцискиот режим против државата-агресор, конкретни чекори за користење на замрзнатите државни руски средства и контрола врз приходите од продажбата на нафта.

ЦИВИЛ МЕДИА: Како ќе ја оцените позицијата на високите државни претставници на Конференцијата?

ЛАРИСА ДИР: Доколку се даде општа оценка, тогаш, на пример, министрите за надворешни работи на државите од Групата 7 ја истакнаа глобалната природа на вооружената агресија на русија против Украина.

Тие нагласија колку е важно да се зајакнат санкциите против русија, вклучително и пренесувањето на замрзнатите руски средства на Украина како компензација за штетите предизвикани од руските злосторства. Дополнително, беше акцентирана потребата од навремено снабдување со доволно вооружување и воена техника, како и – што е особено важно за нас – развојот на украинскиот одбранбено-индустриски комплекс.

Се разбира, посебно внимание беше посветено на многу опасните предизвици што произлегуваат од соработката меѓу русија, Иран и Северна Кореја (КНДР).

ЦИВИЛ МЕДИА: Разбирлив е Вашиот дипломатски приод кон овие крајно деликатни прашања. Кажете ни, кои се позициите на Украина во поглед на преговорите за запирање на војната, односно запирање на руската воена агресија? Кој треба да седне на преговарачката маса?

ЛАРИСА ДИР: Морам да истакнам дека од суштинско значење е почитувањето на принципот – ништо за Украина без Украина.

Европа, исто така, мора да биде на преговарачката маса кога станува збор за завршување на руската војна против Украина – ова веќе го изјави Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, кој потенцираше колку е важно и неопходно да се назначи Специјален претставник кој ќе учествува во овој процес.

САД се стратешки партнер на Украина, кој ѝ обезбедува многу значајна помош, но во исто време мора да се земат предвид предлозите на европските земји за безбедносни гаранции и поддршка за Украина. Токму затоа Претседателот на Украина нагласува колку е важно назначувањето на Специјален претставник на Европа.

ЦИВИЛ МЕДИА: Како стојат работите со македонската воена помош за Украина?

ЛАРИСА ДИР: Како што знаете, постојано мора да се движиме напред за да се спротивставиме на руската воена агресија, да ја дискутираме важноста на добивањето воени пакети за поддршка – во ова се потпираме и на поддршката од Северна Македонија и веруваме дека таа помош ќе продолжи.

Премиерот Христијан Мицкоски, за време на Минхенската безбедносна конференција, изјави дека Северна Македонија е петта земја во НАТО по воената помош за Украина (по глава на жител). Ова не само што го цениме, туку тоа за нас, Украинците, е од витално значење.

ЦИВИЛ МЕДИА: Се одржа и средба на европските лидери во Париз, каде што стана збор за безбедносните гаранции што се неопходни за Украина. Која е реалноста на сегашната фаза на војната? Што е потребно за да се спречи понатамошна руска агресија?

ЛАРИСА ДИР: По вчерашната средба на европските лидери во Париз, постои заедничко разбирање дека мора да има силни и сигурни безбедносни гаранции што целосно ќе ја спречат можноста за нова руска воена агресија врз Украина, како и било каква руска агресија против европските држави.

Кршлив прекин на огнот или обиди за „смирување“ на Кремљ, кој веќе три години се обидува да ја избрише Украина од политичката мапа на светот, кој врши геноцид врз Украинците, ја уништи безбедносната архитектура, ја погази Повелбата на ОН и го исмеа хуманитарното право, нема да обезбедат долгорочен мир и нема да го вратат меѓународното право во сила.

Соочени со оваа реалност, за да ги заштитиме животите од војната, што е, без сомнение, заедничка цел и за Европа и за САД, потребно е да се засили притисокот врз русија за да се стави крај на нејзината воена агресија против Украина, да се ослободат привремено окупираните територии, да се обезбеди ослободување на сите украински воени заробеници и цивили, како и враќање на киднапираните украински деца.

Во спротивно, секоја држава може да стане следната цел на Кремљ – империја на уништување, хаос и страв.

Ексклузивно за медиумската платформа на ЦИВИЛ. Преземањето е возможно со наведување на линкот до изворот: ЦивилМедиа.
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Претседателката на Република Северна Македонија, проф. д-р Гордана Силјановска Давкова, вапца јајца (фото извор: ФБ страница на Претседателката)

    Претседателката вапца јајца

    137 shares
    Share 55 Tweet 34
  • Орбан падна, Мицкоски молчи, ВМРО-ДПМНЕ во паника

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Што знае Николоски: Кога самоувереноста открива повеќе отколку што треба

    107 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Неуспехот на Орбан: гледајте ја Унгарија, мислете на Бугарија

    105 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Словенија по изборите: Политички пазари, хибридни закани и рекордна енергетска криза

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ