Македонската Прва дама, Елизабета Ѓоргиевска, сопругата на Претседателот Стево Пендаровски, ќе учествува на Самитот на Првите дами и господа што ќе се одржи в сабота, на 23 јули, дознава Цивил Медиа од извори во Кабинетот на Претседателот на Украина, Володимир Зеленски.
Украина ќе биде домаќин на вториот Самит на Првите дами и господа на 23 јули (сабота), посветен на повоената обнова на Украина. Планирано е настанот да се одржи како телеконференција меѓу различни земји во светот.
Првиот Самит се одржа минатата, 2021 година, на иницијатива на сопругата на Претседателот на Украина, Олена Зеленска. Во тоа време, на нејзина покана, во градот Киев дојдоа единаесет први дами од различни земји во светот. На настанот присуствуваа и познати личности како Хилари Родам Клинтон, Робин Рајт, Насим Николас Талеб и Сахра Карими.
Оваа година Самитот ќе биде посветен на надминување на најболниот предизвик во 2022 година – војната на Русија против Украина.
За повеќе информации за овој светски настан, може повеќе да се дознае од интервјуто со Првата дама на Украина, Олена Зеленска.
Прочитајте повеќе за настанот тука.
(ВИДЕО) Олена Зеленска за вториот Самит на Првите дами и господа