По полноќ се случи експлозија во новите канцеларии на Косовската пошта во Звечан. Веста е потврдена од полицијата, јавуваат косовските медиуми, пренесе ЦивилМедиа.
Заменик-директорот на полицијата за регионот на Митровица, Ветон Елшани, истакна дека случајот се случил околу 00:30 часот, при што е причинета материјална штета.
„Никој не е повреден, причинета е материјална штета, искршени се прозорците, но нема повредени“, рече тој.
Според него, на местото на настанот пристигнале соодветни полициски единици и вршат увид за случајот.