Наставата во домашни услови, односно во услови на пандемија им отвори нови „прозорци“ на родителите на учениците во однос на содржините во учебниците.
Родова дискриминација и стереотипи, говор на омраза, несоодветна родова застапеност, задржување на застарени наставни модели и наративи, говорот на омраза, контрадикторноста на наставните содржини, како предизвик и за учениците од основното и средното образование, како и справувањето на родителите и пронаоѓање начини како овие аномалии да им се објаснат на децата, и уште поголемиот предизвик – како да се деконтаминираат наставните содржини, се тема на емисијата 25minuti на platform.mk.
Во емисијата со свои согледувања и препораки говорат Виолета Симјановска, професорка на Академија Сибелиус, Финска, Ирена Цветковиќ, Коалиција „Маргини“, Илија Ацевски, универзитетски професор и социолог и Ана Глигорова од движењето „Поддршка за онлајн настава“.