• Latest
Фото: Wikimedia commons

ЕП усвои Резолуција за мировниот план за Украина и нови правила за лобистите што застапуваат интерeси на трети земји

November 27, 2025
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Алте, малте и други случки

November 8, 2026
ХЕРОЈСКА ИНТЕРВЕНЦИЈА | Полицаецот, иако тешко ранет, се соочи со напаѓачот и го совлада | Краков, Полска, 7 ноември 2026

Масакр во Краков: Шестмина убиени и 15 ранети, три тела пронајдени во домот на напаѓачот – се истражуваат екстремно десничарски мотиви

November 8, 2026

Кој може да го запре Трамп ако нареди нуклеарен удар? (ИНФОГРАФИК)

November 8, 2026
Кијив, 6-7 ноември 2026 (ДСНС)

РУСКИ ТЕРОР: 36 балистички ракети истрелани кон Кијив – крвавата „дипломатија“ на Кремљ во пресрет на преговорите во Абу Даби

November 7, 2026
Колаж од објавата на OCCUPY DEMOCRATS

Occupy Democrats: Путин ја претвори хуманитарната мисија на Меланија Трамп во руска пропагандна победа

November 7, 2026

ДОСИЕ: Ќе се реши ли енигмата околу смртта на Цвијан откако Вучиќ замина во опозиција?

November 7, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Масовни протести во Франција: 1,6 милиони демонстранти според синдикатите, владата најавува социјална конференција

November 6, 2026

Украина го презема претседавањето со Централноевропската иницијатива во 2027 година: Безбедноста, европската интеграција и борбата против дезинформациите меѓу приоритетите

November 6, 2026

Бран лажни дојави за бомби предизвика хаос во европскиот воздушен сообраќај

November 6, 2026
Архивска фотографија, Белград, 6 мај / фото извор: Фејсбук страница „Studenti u blokadi Beograd“

Србија по изборите: Студентската листа освои 140 мандати, листата на Вучиќ остана на 103

November 6, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ

ЕП усвои Резолуција за мировниот план за Украина и нови правила за лобистите што застапуваат интерeси на трети земји

November 27, 2025 16:23
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, СВЕТ
Фото: Wikimedia commons

Фото: Wikimedia commons

Share on FacebookShare on Twitter

Европскиот парламент денеска ја усвои Резолуција за ставот на ЕУ во врска со предложениот план и ангажманот на Унијата за праведен и траен мир за Украина, а ги поддржа за новите правила за лобистите што застапуваат интереси на трети земји.

Со Резолуцијата за мировниот план за Украина, усвоена со 401 глас „за“, 70 „против“ и 90 „воздржани“, европратениците ја повикуваат ЕУ да преземе поголема одговорност за европската безбедност и да го поддржи мирот во Украина на најпроактивен начин.

Во документот се бара ЕУ и земјите членки „да покажат лидерство во овој клучен геополитички момент“ и да продолжат да работат со Вашингтон и другите партнери за да се осигурат дека преговорите за праведен и траен мир ги почитуваат принципите на меѓународното право. Европратениците сметаат дека на секој одржлив мир мора да му претходи ефективен прекин на огнот и да биде поткрепен со робусни безбедносни гаранции на ЕУ и САД за Кијив, со цел да се спречи, одврати и веднаш да се спротивстави на секоја нова агресија.

Во Резолуцијата, исто така, се наведува дека која било привремено окупирана украинска територија нема да биде правно признаена од ЕУ и нејзините земји членки како руска територија. Европратениците ја нагласуваат и потребата од европско вклучување во какви било мировни преговори, бидејќи „исходот од украинската војна ќе има длабоко влијание врз целиот европски безбедносен поредок“, па затоа повторуваат и дека „ништо за Украина не треба да се одлучува без Украина, а ништо за Европа без Европа“.

Во документот се нотираат напорите на Американската администрација за прекин на руската воена агресија врз Украина, но се додава дека „политичката амбивалентност“ на Вашингтон кон Кијив е штетна за целта за постигнување траен мир. Европратениците, исто така, нагласуваат дека секој мировен договор не смее да става ограничувања на можностите на Украина да го брани својот суверенитет, независност и територијален интегритет и дека Киев има слобода да ги избере своите безбедносни и политички сојузи без Русија да има право на вето на тоа.

Резолуцијата, исто така, нагласува дека секој мировен договор мора да предвиди и целосна компензација од страна на Русија за предизвиканата материјална и нематеријална штета во Украина.

Европратениците воедно апелираат до ЕУ и земјите членки да го усвојат и имплементираат без понатамошно одложување т.н. „заем за репарација“ за Украина со користење на замрзнатите руски средства и бараат Унијата да не согласи на укинување на санкциите кон Русија пред да биде спроведен секој мировен договор постигнат со преговори.

Европарламентот со 392 гласа „за“, 88 „против“ и 133 „воздржани“ ги усвои и новите правила за лобирање во име на трети земји со цел да се оствари влијание врз политиката, законодавството или донесувањето одлуки во ЕУ. Со новите правила ЕУ сака да ги зајакне транспарентноста и демократската одговорност при застапувањето на интересите на трети земји, без ограничување на легитимното граѓанско ангажирање.

За таа цел со регулативата се бара задолжително воспоставување на регистри на лобисти на ниво на земјите членки, кои би биле меѓусебно поврзани преку централизиран портал на ЕУ. Секој регистриран лобист би добил „единствен европски број за застапување на интереси“ (ЕИРН), што ќе важи на ниво на целата ЕУ.

Со цел да се спречи стигматизација на лобистите и изедначување на регулативата со законите за „странски агенти“ во некои земји, се предвидува документот да „не може да се користи за етикетирање или казнување на субјекти, вклучително и организации на граѓанското општество или за ограничување на граѓанскиот ангажман“, за забрана на активности, како и за барања за откривање на изворите на финансирање од трети земји, доколку не е поврзано со одредено застапување на интереси.

Дополнително, на денешното продолжение од овонеделната парламентарна сесија, европратениците усвоија и резолуции за осуда на актуелниот конфликт и континуираното насилство во Судан и за состојбите со човековите права во Танзанија, Иран и Тунис, пренесе МИА.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ